21 Септември, 2023
0.0246

Анѓушев домаќин на британска делегација:Средба со специјалниот британски претставник за трговија, Мартин Викерс

Објавено во: Економија 04 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Сопственикот на холдингот ФЕРО ИНВЕСТ, Кочо Анѓушев, се сретна со специјалниот претставник на британскиот премиер, задолжен за трговија, Мартин Викерс и со директорот за трговија и инвестиции за Централна Европа, Ричлов Менса.

Делегацијата од Обединетото Кралство се интересираше за можностите за инвестиции во енергетскиот сектор во Македонија, како и за деловите од енергетскиот сектор кои можат да бидат привлечни за британските инвеститори.

Инвеститорите од Обединетото Кралство ги разгледуваат можностите за засилено вложување на својот капитал во Југоисточна Европа и британските државни претставници разговараат со релевантни личности од бизнис заедницата кои можат да им дадат издржани анализи за идните движења на полето на енергетиката во поширокиот регион.

Покрај размената на мислења за актуелните случувања во енергетиката и тековите во енергетската транзиција, Анѓушев се заблагодари на британската делегација за финансиската помош од Обединетото Кралство дадена на Македонија, а со чија помош се изработи државната Стратегијата за енергетика, во мандатот кога Анѓушев ја извршуваше функцијата Вицепремиер на македонската влада.

Можеби ќе ве интересира

ЈАПОНСКИОТ ГИГАНТ ТОШИБА ЈА НАПУШТА БЕРЗАТА ПО 74 ГОДИНИ: Завршено преземањето накомпанијата

ЈАПОНСКИОТ ГИГАНТ ТОШИБА ЈА НАПУШТА БЕРЗАТА ПО 74 ГОДИНИ: Завршено преземањето накомпанијата

ГЕРМАНСКИОТ ЛИДЛ СТАРТУВА СО ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - исфрла дел од производите од својата понуда

ГЕРМАНСКИОТ ЛИДЛ СТАРТУВА СО ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - исфрла дел од производите од својата понуда

Законот изгласан, но бизнис секторот не се предава: Законот за „неплаќачи“ ќе го оспориме пред Уставен

Законот изгласан, но бизнис секторот не се предава: Законот за „неплаќачи“ ќе го оспориме пред Уставен

Осигуреници во август наплатија над 5 милиони евра од неживотни осигурувања

Осигуреници во август наплатија над 5 милиони евра од неживотни осигурувања

ФРАНЦИЈА УКИНУВА СУБВЕНЦИИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА: На удар кинеските автомобили, но и дел од производството на Тесла

ФРАНЦИЈА УКИНУВА СУБВЕНЦИИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА: На удар кинеските автомобили, но и дел од производството на Тесла

ЗАКОНОТ ЗА СОЛИДАРЕН ДАНОК ГИ НАЛУТИ СТОПАНСТВЕНИЦИТЕ: Биле вчудоневидени, ќе го оспорат законот пред Уставен

ЗАКОНОТ ЗА СОЛИДАРЕН ДАНОК ГИ НАЛУТИ СТОПАНСТВЕНИЦИТЕ: Биле вчудоневидени, ќе го оспорат законот пред Уставен

ВЛАДАТА БАРА КАНДИДАТИ ЗА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ЖЕЛЕЗНИЦИ - Еве колку пари ќе се одвојат од државната каса за нивните хонорари

ВЛАДАТА БАРА КАНДИДАТИ ЗА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ЖЕЛЕЗНИЦИ - Еве колку пари ќе се одвојат од државната каса за нивните хонорари

Трајковски за цените: Сите граѓани коишто ќе увидат неправилности да пријават на 02 191

Трајковски за цените: Сите граѓани коишто ќе увидат неправилности да пријават на 02 191

Кои народи во ЕУ имаат најдолга работна недела?

Кои народи во ЕУ имаат најдолга работна недела?