Анѓушев: Од мај продажба на електрична енергија за извоз
Објавено во: Економија 31 Јануари, 2023 12:56
Кочо Анѓуѓев како претставник на енергетската асоцијација на денешниот енергетскли панел организиран од Владата најави дека од мај или јуни производителите на електрична енергија од фотонапонските централи ќе имаат доволно вишоци за да можат да ја продаваат оваа струја како извозна.
За тоа, според поранешниот вицепремиер за економски прашања е потребно производителите од обновливи извори на енергија да балансираат успешно со струјата и да ја задржуваат во батерии, но за инвестирање во овие технологии потребно е да се донесат подзаконските акти.
- Вие денеска ако сакате да ставите батерија, нема кој да ви даде дозвола. што е тоа?градба?опрема?Треба да се регулира и тоа треба да се направи брзо за да не бидеме изненадени, бидејќи јас очекувам дека веќе овој мај или јуни ќе имаме вишоци на енергија од фотоволтаици во Македонија кои што ќе треба да бидат извезувани, нагласи Анѓушев.
Според бизнисменот, вишокот на електрична енергија во одредени периоди за да не пропадне ќе може да се искористи и за производство на хидроген како гориво.
Можеби ќе ве интересира
Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета
Македонија најевтина во Европа според цените на храната
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година




