26 Април, 2024
0.0295

Анѓушев за обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ: Toa се бескрупулозни лаги

Објавено во: Македонија 17 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Изминатиов период сум предмет на интересирање на опозицијата, вели вицепремиерот задолжен за економски прашања,  Кочо Анѓушев.  

„Обвинувањата на ВМРО – ДПМНЕ се движат од тоа дека имам финансиска корист од преговорите околу разликата со името со Грција, до тоа дека сум влегол во политиката да ги вратам наводните долгови на компаниите кои ги поседувам. Сите овие обвинувања може да се објаснат со два збора – бескрупулозни лаги. Избрав да се обратам на овој начин, лично јас, бидејќи немам намера секој ден да се занимавам со луѓе кои немаат друга работа освен да држат прес конференции каде повикуваат да се даде одговор на непостоечки обвинувања. На почеток на мандатот, во законски рок транспарентно го објавив имотниот лист и се гордеам со сѐ што сум направил во Република Македонија. Јас немам што да кријам, но за жал луѓе кои се навикнати да живеат од рекет и криминал и воедно немаат друг аргумент за тоа како некој друг може да биде чесен и успешен на поинаков начин од нивниот, се занимаваат со лаги и во нивните глави замислени шеми. Немам намера да влегувам во политичката шема на ВМРО – ДПМНЕ кои покажаа како не треба да се владее изминатите 10 години и искрено изненаден сум од неинвентивноста на прес конференциите на ВМРО - ДПМНЕ и нивното елементарното непознавање за економските текови“ - реагира Анѓушев. 

Мојата работа изминатиот период покажува резултати, тие се видливи, додава тој и рече дека ќе поведе постапка за навреда и клевета. 

Кочо Анѓушев да не се крие зад партиските соопштенија на СДСМ и да одговори дали тој имал долгови во висина од 26 милиони евра, пред да стане вицепремиер и дали е влезен во политиката со цел исплата на тие долгови, преку тендери и државни привилегии, изјави денеска Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали човекот кој што СДСМ ни го презентираше како успешен бизнисмен има милионски долгови и преку кредити преживува во бизнисот? Дали станува збор всушност за не толку успешен бизнисмен, туку за човек кој што единствено го води бизнисот преку кредити и задолжувања? Го пресликува ли Кочо Анѓушев начинот на работа со своите фирми и при државното работење, преку државата која секојдневно се задолжува? Економскиот рецепт на Кочо Анѓушев донесе долгови за целата држава преку работата на Владата во која што Кочо Анѓушев е втор човек, односно вицепремиер. Секое семејство само од почетокот на оваа година, само од 1-ви јануари 2018 година е задолжено за нови 1.200 евра. 1.200 евра нови долгови само од Нова година до сега. Безидејноста и неспособноста да се управува со економијата е евидентна. Анѓушев или нема волја, или едноставно не знае да ја води економијата. Оваа негова влада има 0% раст на БДП во 2017 година, има пад на градежништвото за запрепастувачки 20%, а зголемувањето на цените е секојдневен доказ дека Анѓушев едноставно не се разбира од економија“ - истакнува Ѓорчев.

Тој прашува дали Анѓушев ја гледа економијата на државата само за средство за бизнис заработка и личен профит?

Можеби ќе ве интересира

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката