19 Декември, 2025
0.0385

Анхоч Дискавери (Anhoch Discovery) – Откријте го најексклузивниот продажен салон за ИТ, гејминг и аудио опрема во Македонија!

Објавено во: Мои пари 21 Јули, 2024 18:10

Добивај вести на Viber

Најголемата македонска ИТ компанија Анхоч го отвори својот најнов, модерен продажен салон – Анхоч Дискавери (Anhoch Discovery) во Рамстор Мол во Скопје.

Овој салон на 500 квадратни метри ќе стане вистински рај за сите љубители на ИТ, гејминг и аудио опрема, рекоа претставниците на компанијата на отворањето.

На свеченото отворање присуствуваа стотици посетители кои ги видоа новитетите што ги нуди Анхоч Дискавери.

Анхоч докажа зошто е лидер во ИТ секторот, претставувајќи продажен салон со врвен, современ дизајн. 

Новиот салон не само што е најголем и најексклузивен, туку е и опремен со иновации кои го прават уникатен.

Автоматските електронски цени, базирани на еколошки принципи, се само дел од новитетите кои Анхоч ги применува во своите продажни простори.

Анхоч Дискавери располага со посебна гејминг зона и аудио соба, дизајнирани да ги задоволат сите вкусови и потреби.

Гејминг зоната беше магнет за младите, кои ги тестираа најновите гејминг уреди од светските брендови.

Исто така она што можеше да се забележи во најновиот Анхоч продажен салон беше и ексклузивниот Нинтендо штанд кој со огромно задоволство ни го испрезентираа.На ова место ќе можете да пробате една од трите игри: Super Mario Bros Wonder, Mario 3D World + Bowsers Fury, како и легендарната Mario Kart 8 Deluxe! И тоа на Nintendo Switch OLED.

Штандот е официјално поддржан од Nintendo EU и е наменет да го доведе Nintendo брендот поблизу до купувачите во Македонија.

Анхоч како овластен продажен партнер на Nintendo, создава место каде што не само што ќе може да се искуси оваа фантастична конзола, туку и да може да си го надградите свич-от, со еден од официјалните додатоци по најповолни цени.

Дополнително, за аудиофилите, аудио собата беше вистинско уживање, нудејќи им шанса да ја искусат моќта на најразлични звучници и аудио системи во пријатен амбиент.

Анхоч продолжува со својата посветеност кон професионалната услуга и широката понуда на квалитетни производи.

Задоволството на клиентите е приоритет на компанијата, што се потврдува со секој нов чекор што го преземаат.

Анхоч Дискавери (Discovery) е уште еден доказ за тоа, нудејќи им на клиентите единствено искуство и врвна услуга.

Анхоч е најголемата Македонска ИТ компанија со 30 годишно присуство на пазарот.

Со 20 продажни локации и повеќе од 150 вработени низ цела Македонија, компанијата продолжува да го диктира темпото во ИТ секторот, нудејќи најголем избор на лаптопи, таблети, смартфони и останата ИТ опрема.

Анхоч Дискавери е новиот стандард за ИТ, гејминг и аудио опрема во Македонија.

Пр Објава

*Пр објава

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка