19 Декември, 2025
0.0518

АНКЕТА: Ако влезе во претседателска трка, Заев ќе е фаворит

Објавено во: Македонија 20 Декември, 2018 00:27

Добивај вести на Viber

Кој може да биде наследникот на Ѓорѓе Иванов? Анкета на телевизијата Телма и МЦМС покажува дека актуелниот премиер Зоран Заев би имал најголема поддршка за избор. Од понудените опции 12,4 проценти од граѓаните рекле дека би му дале доверба на Заев. Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО ДПМНЕ и актуелниот министер за надворешни работи Никола Димитров би добиле доверба од 8,2 отсто. Анкетата е спроведена од 7 до 14 декември на репрезентативен примерок од 1014 испитаници.

Во анкетата Стево Пендаровски има поддршка од 6,8 проценти, Бујар Османи со 6,5 отсто додека Имер Селмани добива 5,8 отсто. 

Она што е забележливо е што во анкетата дури 19 проценти од граѓаните рекле дека  идниот претседател не го гледаат во ниту еден понудените кандидати, а 15 проценти се уште не одлучиле.

Според анкетата можен е консензуален кандидат меѓу СДСМ и ДУИ. Во ваква констелација за Заев би гласале 10,2 отсто од Македонците и 11,2 проценти од Албанците. Втор би бил Никола Димитров, а трет е Стево Пендаровски. 

Ако кандитот е од албанските партии прв е Бујар Османи со 22,7 проценти поддршка, а веднаш зад него е Имер Селмани со 20,8 отсто. На трето место е Теута Арифи со 12,3 отсто.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот