АНКЕТА: Македонците се несреќни, но веруваат дека 2021 година ќе биде подобра
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 23 Декември, 2020
Македонците се несреќни, но оптимисти дека ќе биде подобро.
Граѓани се оптимисти дека 2021 ќе биде подобра година од оваа 2020 година. Сепак, оптимизмот не е баш присутен кога станува збор за економскиот просперитет, покажува последното истражување на јавното мислење направено од агенцијата Брима.
Половина од Македонците веруваат дека идната година ќе биде подобра од оваа, а 26 отсто сметаат дека ќе биде полошо, додека 22 отсто не очекуваат никаква промена. На глобално ниво 43 отсто од граѓаните очекуваат подобра година додека 24 отсто рекле дека ќе биде полошо.
Сепак, 52 отсто од граѓаните очекуваат идната година да биде полоша од оваа на економски план, а 28 отсто очекуваат идната година да биде година на економски просперитет.
Анкетата покажува дека македонските граѓани имаат многу повеќе надежи од останатите во светот, но се чувствуваат многу понесреќни.
„Глобалниот индекс на надеж во глобални рамки изнесува плус 19 отсто, а во земјава плус24 проценти. Индексот на среќа, пак, на светско ниво е плус 40 отсто, а во Македонија минус 3 проценти“, оценува Брима.
29 отсто од Македонците на анкетата рекле дека се чувствуваат среќни, 38 отсто ниту среќни ниту несреќни, а 32 отсто се чувствувале несреќни.
Анкетата на Брима е спроведена во периодот од 1 до 9 декември годинава на репрезентативен примерок од 504 испитаници.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.