АНКЕТА НА ФАКТОР ЗА ПРОМЕНА НА УСТАВОТ - речиси три четвртини од граѓаните сметаат дека тоа не треба да се направи
Објавено во: Македонија 11 Септември, 2023 10:33
Речиси три чертвртини од македонските граѓани не се согласуваат со уставните измени, согласно оној предлог кој е поднесен од Владата до законодавниот дом.
Тоа го покажа анкетата на Фактор објавена на нашиот сајт, во која сите наши читатели имаа можност да го искажат својот став за тоа дали се „за“ или „против“ измена на македонскиот Устав, со што Бугарите би биле запишани како дел од народ во конститутивниот акт на државава, а што треба да го отвори нашиот пат кон Европската унија.
Во анкетата на Фактор, се до нејзиното затворање, гласаа 46.005 граѓани од земјава, и од нив дури 32.546 се изјасниле дека се „против“ измена на уставот, што е 71 отсто од оние што гласале.
„Не, никако“, е одговорот што овие граѓани го заокружиле на оваа анкета.
Додека, пак, потврден одговор, односно „Да, секако“, дали 11.279 граѓани, што е 25 проценти од преброените гласови.
И, иако нивниот број и процент се мали, во земјава има и граѓани кои немаат став по ова прашање или им е сеедно, и нивниот број е 1.1053 гласови, или два проценти од оние што гласале.
„Немам мислење, сеедно ми е“, одговориле овие читатели.
Има и граѓани, исто така многу мал процент, односно 1.127 граѓани или исто два отсто, кои го заокружиле одговорот „Не сум размислувал, не сум заинтересиран за таа тема“.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




