07 Октомври, 2024
0.0253

Анкетна комисија да испита како работело СЈО, бараат од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено во: Македонија 17 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Oд ВМРО-ДПМНЕ бараат собраниска анкетна комисија за СЈО.

Анкетната комисија би се состоела од претседател и 10 членови, а од ВМРО-ДПМНЕ објаснуваат дека како иницијатори и во согласност со собраниската пракса тие треба да номинираат претседател на оваа комисија, а сите други политички партии во Собранието да делегираат членови.

Пратеничката група денеска до Собранието поднесе предлог одлука за основање на анкетна комисија за утврдување на евентуалното нестручно, несовесно и незаконито работење на СЈО внатре во самата институција.

Предлогот што изјави пратеникот Антонио Милошоски, го поднесуваат затоа што токму Собранието на предлог на Советот на јавни обвинители констатираше дека специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева работела нестручно, незаконски и несовесно.

„Анкетната комисија не би се занимавала со било какви обвинителски или судски предмети бидејќи не сака ниту може да биде обвинител ниту судија, но би го утврдувала начинот на материјално и финансиско работење на обвинителството, почитување на постоечките законски процедури и деловодници внатре во самото обвинителство. Законитост на постапките при вработување во самото обвинителство утврдување на можни конфликтни интереси или непотизам при вработување како и трошењето на средствата по однос на сомнителни хонорари за она што го имаме како дојава за потпишување на договори за чување на деловна тајна која што сметаме дека по самиот опис на работа не би требало да ги исклучуваат обвинителите или вработените внатре во обвинителството бидејќи законот им налага во секој случај со самото засновање на работен однос да чуваат деловна тајна а сметаме дека имало голем дел на такви договори и исплатени хонорари кои што според нас немаат законска основа“, рече Милошоски.

Како придружни членови или набљудувачи, би биле поканети и претставници на Шведската, Американската и Холандската амбасада, бидејќи како што рече, овие три држави имаа значителен финансиски учинок и влог во буџетот на СЈО од даночните обврзници на нивните земји и сметаме дека би имале право да имаат увид во тоа како биле потрошени или како се располагало со средствата на нивните даночни обврзници во рамките на работата на СЈО.

Инаку, до петок ќе се знае дали Судот ќе и го укине притворот на Катица Јанева откако денеска беше доставено такво барање со предлог други мерки за обезбедување и гаранција во недвижен имот. 

Таа е во притвор за случајот „Рекет“. 

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил