Антикорупциска со пријава за Хусни Исмаили пред да стане потпретседател на Собранието
Објавено во: Македонија 21 Декември, 2021 11:52
Државната комисија за спречување на корупција поднесе иницијатива до Обвинителството за кривично гонење на Хусни Исмаили, кој е предложен за потпретседател на Собранието според новиот коалициски договор на актуелната власт со Алтернатива.
Поранешниот министер за култура кој оваа функција ја извршувал од 27 јуни 2019 до 30 август 2020 година е пријавен за сомневање за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување во врска со договори и анекс договори склучени на 24 јули 2020, а во врска со годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес.
Владимир Георгиев рече дека поранешниот министер за култура склучувал договори со финансиска рамка поголема од предвидената во буџетот. Во постизборен период потпишал околу 100 договори и анекс договори и со тоа создал обврски за Буџетот за 2020 година на Министерството за култура од над 33 милиони денари.
Од страна на стручните комисии формирани во Министерството за култура биле донесени решенија со кои се одобрени средства за финансирање на три програми во висина од околу 196 милиони денари или над 3 милиони и 100 илјади евра за 684 проекти, додека оваа институција имала на располагање само 136 милиони денари за да ги финансира овие три програми.
Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




