16 Декември, 2025
0.0343

Антикорупциската операција во Турција може да доведе до смена на Владата

Објавено во: Балкан 05 Јануари, 2014 12:15

Добивај вести на Viber

Пред да замине во посета на Јапонија, турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган,изјави дека антикорупциската операција, која моментно се води во Турција, може да доведе до смена на Владата. - Ваквите дејствија ја водат нашата земја во погрешен правец, нагласи Ердоган, коментирајќи го скандалот, поради кој веќе се уапсени над 50 високи функционери под сомнеж за перење пари, корупција и шверц со злато. Поради корупцискиот скандал Ердоган изврши голема реконструкција на својот кабинет. Тој увери дека во земјата нема да се случи хаос и дека ќе ја држи ситуацијата под контрола. Ердоган во интервју за јапонска телевизија, исто така, изрази загриженост од ситуацијата на Блискиот Исток, најмногу во Египет по смената на претседателот Мохамед морси во јули минатата година. - Обидите со сила да се решат конфликтите на Блискиот Исток се недозволиви. Треба да се разбере дека демократијата е можна само доколку се почитува волјата на народот, истакна турскиот премиер.

Можеби ќе ве интересира

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени