Апасиев објасни зошто се поклонил на гробот на Енвер Хоџа
Објавено во: Македонија 12 Април, 2023 19:03
Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев објасни зошто се поклонил пред гробот на Енвер Хоџа.
„Поклонувањето на делгацијата на Левица на гробот на Енвер Хоџа е со цел партијата да ги привлече младите Албанци во Македонија кои имаат само десничарска политичка понуда“, вели претседателот на партијата, Димитар Апасиев во интервју за ТВ24.
Апасиев рече дека комунистичкиот диктатор е најпознатиот Албанец и ја модернизирал Албанија во своето време, поради што заслужува признание. Во врска со протерувањата и убиствата на неистомисленици во време на Хоџа, Апасиев рече „такво било времето, така правел.“
„Посетата беше идеолошка. Тој правел идеолошки дистинкции такво било времето, морал да ги прави. Свесно отидовме да го скршиме bubble-от во кој живеат младите Албанциите. Сите етнички албански партии во Македонија, тргнувајќи од ДУИ, одат кон десно, сите тие им нудат на младите Албанци само десничарска политика. Ние подаваме рака кон младите Албанци кои потајно не поддржуваат, бидејќи за нив е ерес да не поддржат. Мене сиромашниот Албанец ми е поблизок од богатиот Македонец“, рече Апасиев.
Инаку, оваа посета поттикна многу реакции во јавноста.Вчера (11 април 2023), по повод 38 годишнината од неговата смрт, официјална делегација на Левица на највисоко ниво, составена од претседателот проф. д-р Димитар Апасиев и членовите на Президиумот – м-р Реџеп Исмаил Хактан и Гораст Муратовски, оддадоа почит пред вечното почивалиште на албанскиот државник, партизан и комунист Енвер Хоџа (1908-1985) – поранешен премиер на Народна Република Албанија во периодот по Втората светска војна.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




