19 Декември, 2025
0.0476

Апасиев сака да се смири со ВМРО-ДПМНЕ, го повика на уште еден заеднички протест

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2020 08:44

Добивај вести на Viber

Димитар Апасиев, лидерот на Левица, по искрите што ги имаше со функционерите на ВМРО-ДПМНЕ изминатата недела, ја повика најголемата опозициска партија „да ги закопаат секирите“ и да направат уште еден заеднички протест.
„Ако е вистина дека Владата прифатила оти македонскиот јазик е заснован на западно-бугарскиот дијалект, тогаш тоа е прогласување тотална ВОЈНА ПРОТИВ НАРОДОТ!

Со оглед на драматичноста и сериозноста на ситуацијава во која сме доведени како народ, а која може неочекувано да се радикализира и да ескалира во следниов период, искрено апелирам до сите слободомислечки наши сограѓани, да создадеме силен и обединет Опозициски антивладин фронт против ова зло кое Македонија го немала од АСНОМ до денес. Да ги закопаме секирите додека да го кутнеме сатрапот Заев, а после пак ќе "ратуеме" - кој на лево, кој на десно. Ако ова не го сконтаме, пред нос ќе ја изгубиме Републиката, а тешко дека следните генерации ќе си ја повратат. Памет у глава и егото на страна. Долг е патот на Борбата!“, гласи последниот статус на пратеникот.
Обвинувања и навреди си разменуваа минатата недела на социјалните мрежи функционери на ВМРО-ДПМНЕ и професорот, кого главната опозициска партија го обвини дека им помогнал на парламентарното мнозинство и на спикерот Талат Џафери да обезбеди кворум за избор на Добрила Кацарска за уставна судијка.

Апасиев одговори со навреди на фесбук, појаснувајќи, меѓу другото, дека СДСМ и ДУИ веќе имале мнозинство во салата за избор на уставната судијка.

Сепак, и покрај искричењата, Апасиев го заврши денот со учество на протестот по интервјуто на премиерот Зоран Заев за БГНЕС, но потоа повторно се пожали дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не требало да говори на натпартиски протест.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот