19 Декември, 2025
0.0799

Апасиев се јави по објавените хонорари: Од услугите што ги давам хранам фамилија

Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2019 06:53

Добивај вести на Viber

Димитар Апасиев, предводникот на Левица и жесток критичар на актуелната власт, се огласи во јавноста откако беа објавени неговите хонорари што ги добивал за консултантски услуги за потребите на СЈО. Тој смета дека портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, е одговорен за објавената вест и го повика пратеникот на телевизиско соочување.

„Ај пренесете му на ку..во дека ја у живот иам едно принципиелно мото од кое не отстапуем: СТРУКА РАБОТАМ ЗА ПАРИ (оти од тоа живеам и ранам фамилија), А АКТИВИЗАМ ЗА БЕСПАРИ! У кариерава сум давал висококвалитетни консултантски правни услуги, за кои сум обучен и школуван, на синдикати, здруженија на граѓани, фондации, правни лица и сл. - и секогаш сум наплаќал, оти ја не сум професионален политичар кој живее од апанажи и дневници за службени патувања со швалерките, ниту пак арабаџија за да продаам м..а за бубрези, туку професор по право кој е меѓу поценетите у фелата и кој „продава“ знаење у кое сум вложил пола живот и пи...арда лични финансии за дообразување, кои сум ги немал, и за што ќе ми требаат два живота да ги отплатам (btw, уше враќам кредит за докторатот

Сите знаат дека во првите шест месеци по основањето на СЈО бев КОНСУЛТАНТ за цивилно-правни прашања. На нивно барање. Ти си природно глуп да ти објаснуем шо тоа значи, ама еве за пошироката публика: тоа опфаќа изготвување компаративно-правни анализи за законска регулатива на одредена нејасна проблематика; следење и ажурирање на јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права; тематски експертски анализи и длабински истражувања за специфични стручни теми од интерес; испитување на граѓанско-правните аспекти на имотната конфискација и предлози за подобрување на т.н. антимафијашко законодавство; концептуално врамување на обвиненија при елементи на т.н. злосторство од омраза; реобмислување на теорискиот уставен концепт на ЈО и неговата положба и статус во правосудниот систем; логографски услуги при јавни презентации и настапи и сл“, напиша Апасиев.

Тој додаде дека работел за СЈО само во првите шест месеци од неговото формирање затоа што во тој период работата на обвинителството не изгледала контроверзна и се уште на власт бил поранешниот премиер Никола Груевски.

„Затоа, немој да ми морализираш преку фејсбук за нешто што чесно сум го изработил, туку одбери си телевизија по твоја желба, од вашите провладини, и излези на ТВ ДУЕЛ лично со мене – очи у очи! Да ме видиш у сурат, а не да ми какаш од дома по фб“, додава професорот во дел од напишаното на Фејсбук.

На ова Костадинов му одговори дека е Апасиев е „Дпмневски левичар и резерва на клупата на ВМРО-ДПМНЕ“ и дека е затекнат од неговата реакција.

„Најголемиот успех на Дпмневскиот левичар Димко лажен докторат Апасиев е тоа што дошол до момент да ме предизвика на тв дуел. Упатува еден куп навреди и клевети до мене без воопшто да биде предизвикан. Веројатно имал кошмар човекот. Јас искрено би прифатил измени на законот за опојни дроги на кои инсистира Димко но сметам дека е неопходна експертска регулација. Димко, терај друже дебати и постови на празно, еден ден кога ќе дојдеш на ниво да дебатираш секако дека ќе се сретнеме, до тогаш ставај постери во соба од мене и внимавај да не се презаситиш  Се додека си резервна клупа на ДПМНЕ, нема да имаш можност оти првата постава бега како ѓавол од темјан од мене “, му одговори Костадинов во пост од кој очигледно се гледа дека не ја прифаќа поканата за дебата.!


Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата