19 Декември, 2025
0.0707

Апасиев се сретна со амбасадорот на Русија, разговарале за потегот на Бујар Османи

Објавено во: Македонија 22 Април, 2021 14:45

Добивај вести на Viber

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, се сретна со амбасадорот на Русија во Скопје, Сергеј Баздникин, во репрезентативната „Струшка соба“ на Собранието. Од партијата на пратеникот велат дека професорот и дипломатот меѓудругото разговарале и за фамозниот твит со кој министерот за надворешни работи Бујар Османи му даде поддршка на САД во справувањето со тензиите на руско-украинската граница.

„На оваа прва официјална средба беше разговарано за предизвиците со кои се соочува земјата во време на пандемијата со Ковид-19, како и за ефикасноста на процесот на вакцинација на населението со руската вакцина „Спутник V“, која им беше понудена на македонските здравствени власти уште во месец август 2020 год. Отворени беа и прашања од важност за Западен Балкан, како и за непромислените антируски изјави на шефот на дипломатијата – г. Бујар Османи, кои беа оценети како непотребни и провокаторски, и кои воопшто не придонесуваат кон развојот на традиционално добрите меѓудржавни односи“, се вели во соопштението на Левица.
Пратеникот се оградил од последниот, како што велат од таму, контроверзен твит на министерот за надворешни работи и потсетил дека ваквиот министерски личен став, според Апасиев, воопшто не ја изразува волјата на мнозинството наши сограѓани.

„Отворени беа и други прашања за културната и образовната размена помеѓу двете земји, со особено значење на стипендиите за македонските студенти кои ги дава Руската амбасада на годишно ниво, а беа опфатени и теми од современата геополитика.

Средбата помина во срдечна и пријателска атмосфера, со надеж за продлабочена идна соработка меѓу двата народа“, информира Левица.


Можеби ќе ве интересира

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти