Добивај вести на Viber
Земјите од Европската унија создаваат 22% од апликациите и сервисите во целиот свет. Пред неа е само Северна Америка со 42%, покажува новото истражување од АКТ4АППс, индустриската група поддржана од „Епл“.
Економијата на апликациите, односно работата поврзана со мобилните апликации, поддржува речиси 800.000 работни места. Тука се вклучени 529.000 директни работи на инженери кои работат на апликации.
Во 28-те земји кои се членки на Европската унија, економијата на апликациите создава приход од над 10 милијарди евра годишно (приближно 13 милијарди евра, поточно). Пред пет години, приходот бил речиси еднаков на нула.