16 Мај, 2024
0.0375

Арапската пролет и економската зима

Објавено во: Свет 25 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Ниту три годиини по револуцијата, со која беа сменети режимите во Тунис, Египет и Либија, транзицијата во овие земји се уште не е завршена, а политичката нестабилност остави тешки последици врз економиите на тие земји, анализира Танјуг. Невработеноста, која беше една од главните причини за народните протести, не е намалена, нагласуваат аналитичарите. Без разлика на степенот на извршени политички трансформации и различни структуралните реформи во стопанството, економиите во земјите зафатени од Арапската пролет се во полоша состојба од пред три години. Тие земји и натаму патат од низок Бруто домашен производ, голема стапка на невработеност, мал извоз, сива економија, неконкурентност на компаниите и одлив на капитал. Главна причина за економското слабеење на Тунис и Египет е намалување на приходите во туристичкиот сектор, кој претставува главен фактор за стопанството на тие држави. Либија минува низ длабока економска криза поради претераната зависност од извозот на нафта. Либиската економија е во криза поради големиот пад на производството на нафта, која е намалена од 1,5 милиони барели дневно од времето пред кризата на 250 илјади барели дневно, поради демонстрациите и логистичките проблеми. Според аналитичарите уште една причина за економската деградација на овие земји е некомпетентноста на исламистичките партии на власт. Државните финансии на овие земји се исто така доведени до критична точка. За да го „купат“ социјалниот мир, актуелните власти продолжуваат со субвенционирање на основните животни продукти. Во студијата на британската банка ХСБЦ, објавена во октомври се наведува дека Арапската пролет во изминатите три години чинела 590 милијарди евра. Според студијата, кон крајот на 2014 година, БДП на седум економски најпогодени земји, во кои се случи Арапската пролет, Египет, Тунис, Либија, Сирија, Јордан, Либан и Бахреин, ќе биде 35 проценти понизок пред избивањето на народните протести во 2011 година. Светската банка во својот годишен извештај оцени дека перспективите на овие земји за 2014 година се неизвесни и оти зависат пред се од политичката ситуација, која засега е крајно нестабилна..

Можеби ќе ве интересира

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“