Aрбен Таравари е избран за в.д. претседател на Алијанса за Албанците
Објавено во: Македонија 17 Септември, 2022 20:23
Aрбен Таравари е избран за в.д. претседател на Алијанса за Албанците. Тој не даде прецизен одговор дали ќе се кандидира за претседател.
Алијанса за Албанците го одржа Второто собрание на кое се констатира поднесената оставка на досегашниот претседател, Зиадин Села. На овој состанок е донесена одлука за организирање на вонредниот Конгрес кој ќе се одржи на 17 декември 2022 година, и се формира комисија за организирање на Конгресот. Пред членовите на собранието беше презентиран извештајот за последните избори за Советот на Општина Тетово, како и се донесе одлука за организирање на внатрешни избори во огранокот на Тетово.
Села минатиот месец си поднесе оставка и нагласи дека причината за оставката е поразот на партиската кандидатска листа за општинскиот Совет во Тетово нагласувајќи дека Алијанса за Албанците оствари многу лош резултат и дека нема да има учество во Советот.
Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




