АРМИЈАТА Е СРЦЕТО НА ДРЖАВАТА: Мицкоски со порака за Денот на АРМ
Објавено во: Македонија 18 Август, 2025 13:58
Премиерот Христијан Мицкоски, по повод Денот на Армијата - 18 Август, порача дека нашата Армија е гаранција дека овој народ ќе има поле да се развива, да создава и да ја гради својата иднина.
-Денес го славиме 18 август – Денот на Армијата, денот кога ја чествуваме една од најважните институции на државата. Кога зборуваме за Армијата, зборуваме за продолжение на илинденската и асномската идеја, идејата за независна и слободна Македонија. Нашите претци се бореле со срце, со жртва и со визија, напиша премиерот на својата Фексбук страница.
Мицкоски нагласува дека Армијата денес е симбол на новото време и оти денес ние инвестираме во опрема, во инфраструктура, во услови за достоинствен живот и работа на војникот.
-Оваа Армија денес стои рамо до рамо со сојузниците во светот, но и цврсто на својата земја, секогаш кога граѓаните се во неволја. Вие сте први на линијата на одбрана, но и први кои покажуваат што значи служење на народот. Армијата е срцето на државата. Ако тоа срце чука силно, тогаш и државата е здрава и сигурна. Нашата Армија чука силно, затоа и Македонија ќе оди напред. Да живее Армијата!, наведува Мицкоски во објавата на Фејсбук.
Мицкоски денеска присуствуваше на централната свеченост по повод Денот на Армијата во касарната во Штип, каде свои обраќањаа имаа претседателката Гордана Сиљановска Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




