18 Декември, 2025
0.1940

Арс Ламина“ објави роман за исчезнувањето на Агата Кристи

Објавено во: Мои пари 28 Ноември, 2023 12:41

Добивај вести на Viber

Во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, деновиве излезе од печат романот „Аферата Кристи“ од Нина де Грамонт. Ова издание е веќе преведено на многу јазици, меѓу кои: италијански, романски, португалски, хрватски, српски, холандски, литвански, француски, полски, шпански, германски, а сега ја добива и својата македонска верзија.

Појдовна точка за создавање на ова дело се познатите 11 дена исчезнување на големата писателка. Дамата-романописец, како што ја нарекувале некои весници, станала предмет на една од најголемите потраги по исчезнати личности во британската историја во која се вклучила полицијата, голем број кучиња-трагачи, цела армија доброволци, но и колегите-писатели на крими-романи како Дороти Л. Сејерс, Артур Конан Дојл, а секако и нејзиниот сопруг Арчибалд Кристи. Иако никогаш јавно не проговорила за овој настан, постојат мислења дека таа исчезнала како казна за сопругот кој ја изневерил.

Во оваа фикционализирана приказна за тој настан, како наратор се појавува љубовницата на Арчи, Нан О’Ди, која многу вешто го вовлекува читателот во сите настани што претходеле на исчезнувањето, но и за тоа што се случувало во текот на тие денови. Книгата е така структурирана што поглавјата постојано се менуваат помеѓу деновите и часовите околу исчезнувањето на Кристи, но и со реминисценции на поранешниот живот на Нан во Лондон и во Ирска.

Романот на Де Грамонт е плод на нејзината фантазија преточена во интригантно четиво. Се работи за богато замислен, инвентивен и повремено мошне емотивен роман што нема да ги остави читателите рамнодушни. Ова е роман што опфаќа повеќе жанрови – психолошка драма, историска фикција и мистерија.

„Аферата Кристи“ од Нина де Грамонт е интернационален бестселер на „Њујорк тајмс“ и избор за најдобро издание на месецот на книжевниот клуб на Рис Витерспун за февруари 2022 година.

Книгата е достапна во поголемите книжарници, во „Литература.мк“ и онлајн преку следниот линк:
https://www.literatura.mk/krimitriler/42606-aferata-kristi

*Пр објава

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?