АРСОВСКА ДО ТОШКОВСКИ: Панче, да постапеше пред 2 месеци по заканите, ништо од ова немаше да се случи
Објавено во: Македонија 13 Јули, 2025 13:43
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, преку два последователни статуси на Фејсбук упати критики до полицијата и лично до министерот Панче Тошковски, за нападот кој деновиве го доживеа таа во Чаир.
„Панче, да постапеше пред 2 месеци по заканите, ништо од ова немаше да се случи. Панче, да доделеше обезбедување пред 2 месеци ништо од ова немаше да се случи“, пишува Арсовска.

Во вториот статус, градоначалничката повторно обвинува за пасивност и непрофесионалност во постапките на полицијата, нагласувајќи дека инцидентот не бил етнички, туку директен напад од, како што ги нарекува, „криминалци“.
„Ова не е етнички конфликт меѓу Македонци, Албанци, Чеси или Марсовци. Ова е конфликт против криминалци, на територија во град Скопје каде МВР се плаши да постапува“, наведува таа.
Арсовска тврди дека таа и нејзиниот тим биле оставени без заштита повеќе од еден час, додека полицијата се двоумела како да реагира.
„Во полициска станица не држевте 2,5 часа со обид да измените околности и после да прашувате зошто не потпишувам записник. Ти да потпишеш таков записник, Панче!“, стои во објавата.
На крај, градоначалничката опишува и дијалог со полициски службеник, кој, по нејзиното потврдување дека била нападната, и рекол: „Мило ми е!“. Таа го завршува статусот со прашањето: „Што ви е мило?“.

Можеби ќе ве интересира
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти




