Арсовска обвини дека добила закана од Мицкоски дека со неа ќе го бришат подот
Објавено во: Македонија 15 Декември, 2022 19:07
Скопската градоначалничка Данела Арсовска во Само интервју вечерва кажа дека она што излегло од една политичка кујна е лага.
Имала една јавна средба со премиерот Димитар Ковачевски, каде биле присутни и други градоначалници.
„Зошто би размислувала за такво нешто“, праша Арсовска за тоа дали би се повлекла од функцијата.
Вели дека имала закани од еден исти центар и кажа дека со истото се соочиле повеќе лица.
„Јас да, сум имала закани од Христијан Мицкоски и тоа конкретно, лично и директно. Кога ќе бидам премиер, ќе те влечеме по улиците, ќе го бришеме подот со тебе“, рече Арсовска.
За Мицкоски рече дека ако сакал да биде градоначалник, можел да излезе пред граѓаните и да види дали ќе добие доверба.
Таа изјави дека останува на ветувањето за бесплатен превоз за граѓаните. Таа не смета дека ова е невозможно. Признава дека програмата била амбициозна.
Таа наведе дека јавното сообраќајно претпријатије е девастирано и тоа не е од сега. Арсовска вели дека се направила фама за доцнење на плати од 3 дена и со тоа бил блокиран превозот во Скопје. Тврди дека и за тоа има политички мотиви, затоа што како што рече имало институции каде подолго време доцнеле плати, па не се кренала фама.
Можеби ќе ве интересира
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија
Грчкото МНР со реакција по изјавата на Мицкоски: Во меѓународните договори нема де факто ситуации




