17 Декември, 2025
0.0491

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

Објавено во: Македонија 17 Декември, 2025 13:32

Добивај вести на Viber

Колабирано белодробно крило, отежнато дишење, прекумерна акумулација на течност (едем) во интрацелуларните или екстрацелуларните простори на мозокот и кардиореспираторна инсуфисиенција е причина за смртта на новороденчето на В.И. од Арачиново, според медицинската документација која ја обезбеди Државниот санитарен и здравствен инспекторат. 

Ова денеска го истакна директорот на ДСЗИ, Кирил Лазов, кој рече дека до министерот за здравство е инцирано формирање  комисија за стручен надзор, која треба да утврди дали има пропусти во третманот и лекувањето на починатото дете на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Тој информира дека вчера е извршен вонреден инспекциски надзор во Клиниката за гинекологија по доставена наредба од министерот за здравство за вршење на вонреден инспекциски надзор во врска со лекувањето и третманот на новороденчето на В. И. од Арачиново, починато на Клиниката Скопје на 1 октомври.

- Со увид во основната медицинска документација за родилката и основната медицинска документација за новороденчето на В.И., како и останата документација за случајот на клиниката, се констатира  дека родилката В.И, се јавила за преглед во Клиниката за гинекологија на 27 септември и како итен случај е хоспитализирана на Оддел за патолошка и високоризична бременост. 

На 28 септември се поставила индикација за породување со царски рез и истото е извршено во вечерните часови (со почеток во 20:10 часот и крај на интервенцијата во 21 часот). Родено е живо машко како прематурус (36) и по 4 часа од раѓањето на 29 септември префрлено е на Одделот за Интензивна нега и терапија поради средно-тежок респираторен дистрес. 

Реализирана нативна графија на бели дробови на клиниката со наод на парцијален пнеумоторакс лево, по што веднаш е седирано, интубирано и приклучено на вештачка вентилација и тројна антибиотска терапија заради конатална сепса. Во листите наведено дека е консултиран детски хирург и дадена е препорака од негова страна за конзервативен третман на пнеумотораксот. Според листата, утрото на 29 септември детето е два пати реинтубирано поради спонтана екстубација - посочи Лазов.

Тој дополнува дека на 1 октомври се влошила состојбата на детето, па повикан е детски кардиолог и детски хирург кој поставил дрен поради наод на масивен пнеумоторакс десно, а од страна на дежурниот педијатар на ОИНТ м-р.субспецијалист по невропедијатрија извршен и ултразвучен преглед на мозок со наод на оедeта cerebri. 

- Поради тешката состојба, пристапено кон кардио-пулмонална реанимација, даван е адреналин во три наврати, но без успех и настанат е exitus letalis во 19 часот на 1 октомври. 

Креирано е барање за обдукција до Институт за патологија при Медицинскиот факултет - Скопје, но до денот на инспекцискиот надзор не е изготвен извештај. 

Причина за смрт масивен пнеумоторакс десно, emphysema pulmonum, oedema cerebri et hypertrophia plexus cerebri, insuff. Cardiorespiratoria. Родилката е испишана од клиниката на 1 октомври по нејзино барање спротивно на совет од лекар. За случајот се состанала и Комисијата за следење и унапредување на квалитетот за здравствена заштита на клиниката на ден 14 октомври и на 28 октомври согласно закон - додаде Лазов. 


Можеби ќе ве интересира

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама

МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама