17 Декември, 2025
0.0478

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Објавено во: Македонија 17 Декември, 2025 14:36

Добивај вести на Viber

Владата преку соопштение реагира на прес-конференцијата на СДСМ, во која партијата обвини за давање милионски тендери поради „блискост“ со премиерот Христијан Мицкоски.

„Должни сме јасно и недвосмислено да укажеме дека изнесените наводи се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета и свесна конструкција. Обидите на опозицијата се јасни, да конструира наративи без фактичка основа. Затоа, уште еднаш потенцираме дека сите релевантни податоци се јавно достапни и лесно проверливи преку официјалните електронски системи на надлежните институции. Овие слаби и безидејни конструкции, лесно се распаѓаат при најосновна проверка. Станува збор за централизирана јавна набавка за 20 министерства со одлука на Владата. Набавката на овие системи има за цел да ја зајакне сајбер – безбедноста на институциите преку навремена идентификација на безбедносни слабости и проактивна заштита од закани“, реагираат од Владата.

Велат дека имало две понуди, а наведениот субјект имал најповолна понуда. 

„Постапката беше спроведена без никаква забелешка, ниту пак покрената жалба. Во однос на другата спомената јавна набавка, станува збор за реално потребен софтвер за проект кој го ветивме пред граѓаните со цел зголемена транспарентност и дигитализација на институционалните процеси, односно предвидува модул за следење на договорите (нивна исполнетост и количина), модул човечки ресурси, модул увид за барања од разни институции до СОЗР, прегледност на режиски трошоци и која институција колку троши. Овие факти потврдуваат дека станува збор за тенденциозен обид за политичка манипулација, во кој се пласираат фабрикувани тврдења без ниту еден релевантен доказ.  Наводите поврзани со поединци и наводни привилегии се апсолутно неточни и се во директна спротивност со фактите и достапната документација од надлежните институции. Јавно и одговорно тврдиме дека во сите постапки не постои ниту најмал пропуст, ниту најмала неправилност“, стои во владиното соопштение.

Владата ја обвини опозицијата дека е неспособна да понуди идеи, програми и визија. 

„Опозицијата, очигледно неспособна да понуди идеи, програми или визија, повторно посегнува по стариот и веќе прочитан рецепт на измислици, но ова се бледи и безидејни конструкции кои го разоткриваат очајот на оние што ги пласираат. Институциите работат транспарентно, законски и отчетно, а секој што тврди спротивно ќе мора своите зборови да ги поткрепи со факти, а не со празни политички конструкции. Ги охрабруваме сите заинтересирани страни да се информираат од официјалните извори и да не подлегнуваат на политички мотивирани шпекулации.  Јавноста заслужува одговорност, факти и транспарентност“, стои во реакцијата.

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Можеби ќе ве интересира

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама

МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама