09 Декември, 2024
0.0269

Арсовска: Шуто Оризари ќе се развива рамномерно како сите останати скопски општини

Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

На последниот ден од изборниот циклус за вториот круг локални избори за градоначалник на Град Скопје, кандидатката Данела Арсовска беше активна со теренските посети на скопските општини. На средбата со жителите од Шуто Оризари изјави дека асфалтирани и безбедни улици и соодветна комунална инфраструктура за општината ќе бидат во фокусот на почетокот од нејзиниот мандат.

„Во текот на целата изборна кампања, посетив многу места, остварив средби со жители од сите скопски општини. Граѓаните навистина не бараат многу, а она што го бараат е лесно остварливо преку брзи и ефикасни решенија, неопходно е само подобро менаџирање. Сметам дека не е во ред општини од главниот град да функционираат како да се дел од минатиот век. Во општина Шуто Оризари, жителите сè уште газат по небезбедни калливи улици без тротоари и немаат водоводна и канализациона мрежа, немаатни соодветно место за да го фрлаат ѓубрето. Секој од нас заслужува пристојни услови за живот, а секоја општина треба да се развива рамномерно, без стагнирање“ – истакна Арсовска.

Во исто време, таа се обврза дека, како што рече, уште во првите денови од функцијата градоначалник на Град Скопје, ќе даде налог да се утврдат сите приоритетни слабости и недостатоци и потоа ќе се започне со реализацијата на решенијата предвидени за нив.

Арсовска дополни и дека заложбите за подобра иднина за најмладите ќе бидат еднакви во секоја општина. Во Шуто Оризари ќе се изгради детско игралиште, велосипедски патеки, а автобуските линии ќе бидат поредовни.

Жителите истакнаа дека се уморни од лажните ветувања за подобрување на квалитетот на нивните животи, но посочија дека во програмата на кандидатката Данела Арсовска гледаат надеж за нивната општина.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„Се обидуваат да го укинат последниот столб на Рамковниот договор“: Османи вели „Стражата на јазикот“ се всушност чуварите на Македонија

„Се обидуваат да го укинат последниот столб на Рамковниот договор“: Османи вели „Стражата на јазикот“ се всушност чуварите на Македонија

„Превоз на ученици без важечки договори“: СДСМ обвинува за злоупотреба на службената положа „ќе поднесеме пријава“

„Превоз на ученици без важечки договори“: СДСМ обвинува за злоупотреба на службената положа „ќе поднесеме пријава“

УЧЕНИЦИТЕ ОД ОУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ ОД УТРЕ СЕ ВРАЌААТ ВО УЧИЛИШНИТЕ КЛУПИ - еве какво решение е договорено

УЧЕНИЦИТЕ ОД ОУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ ОД УТРЕ СЕ ВРАЌААТ ВО УЧИЛИШНИТЕ КЛУПИ - еве какво решение е договорено

„САКАА ДА ПРЕДИЗВИКААТ МЕЃУЕТНИЧКИ ТЕНЗИИ“: Вреди контра ДУИ - го изгласа Законот за јазиците иако Венецијанската комисија ја оспорила законитоста

„САКАА ДА ПРЕДИЗВИКААТ МЕЃУЕТНИЧКИ ТЕНЗИИ“: Вреди контра ДУИ - го изгласа Законот за јазиците иако Венецијанската комисија ја оспорила законитоста

Мојсоска: Интелектуалци во служба на федерализацијата - маската на европските вредности падна

Мојсоска: Интелектуалци во служба на федерализацијата - маската на европските вредности падна

СЕ ОГЛАСИ МВР - ГО ОБЈАВИ ИДЕНТИТЕТОТ НА РАЗБОЈНИКОТ КОЈ ОГРАБУВАЛ ДЕВОЈЧИЊА: напаѓал и малолетнички (ВИДЕО)

СЕ ОГЛАСИ МВР - ГО ОБЈАВИ ИДЕНТИТЕТОТ НА РАЗБОЈНИКОТ КОЈ ОГРАБУВАЛ ДЕВОЈЧИЊА: напаѓал и малолетнички (ВИДЕО)

МАЖ НА 26 ГОДИНИ ОГРАБУВАЛ ДЕВОЈЧИЊА И ЖЕНИ НИЗ ЦЕНТАР И АЕРОДРОМ - определен му е притвор поради повторување на делата

МАЖ НА 26 ГОДИНИ ОГРАБУВАЛ ДЕВОЈЧИЊА И ЖЕНИ НИЗ ЦЕНТАР И АЕРОДРОМ - определен му е притвор поради повторување на делата

„Исклучување на надворешните соработници кои заработуваат огромни хонорари“: Левица предлага измени на Законот за култура

„Исклучување на надворешните соработници кои заработуваат огромни хонорари“: Левица предлага измени на Законот за култура

„АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК НЕМА ДА СЕ ОСПОРУВА, МИЛИОНИТЕ НА ОЛИГАРСКИТЕ НА ДУИ ДА!“: Меџити вели јазикот е заштитен, но не и незаконското богатство

„АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК НЕМА ДА СЕ ОСПОРУВА, МИЛИОНИТЕ НА ОЛИГАРСКИТЕ НА ДУИ ДА!“: Меџити вели јазикот е заштитен, но не и незаконското богатство