19 Декември, 2025
0.0531

Арсовска Томовска: Нема вработување на „државно“ додека не се формира нова влада

Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2017 13:22

Добивај вести на Viber

Министерката за администрација и информатичко општество Марта Арсовска Томовска уверува дека од периодот на распишување на избори па се до денес не се објавуваат огласи за неопредлено време на вработување во државните и јавните установи. 

- Постои законска одредба, до формирање нова влада да нема нови вработувања, освен во ситуации кога се работи за итни и неодложни активности при што е потребно институцијата да обезбеди потврда дека навистина се работи за такво нешто од страна на Државната комисија за спречување корупција, рече министерката, одговорајќи на новинарски прашања пред обраќањето на Глобалниот самит на жени лидери 2017.

Според министерката, јавни огласи за редовни вработувања на неопределно време нема уште од денот на распишувања на изборите, а во овој меѓу период, имало ангажирања само на сезонски работици во ЈП Македонски шуми и Македонија пат.

– Многу малку вработувања имаше во текот на минатата година, а сега, и во овој период, ќе видиме како ќе биде со изборите. Додека не се формира влада, не ќе може да се објавуваат огласи, потенцира Арсовска Томовска.

Извештајот за вработувањата во 2016 година, рече, ќе биде објавен во текот на следните 15-на дена. – Имаме законска обврска до 31 март да го објавиме Извештајот, но во фаза е на подготовка. Ќе видите точни податоци, каде, колку, зошто,…се реализирани вработувања, истакна Арсовска Томовска.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот