Артан Груби му ја честиташе новата функција на Бујар Османи
Објавено во: Македонија 07 Март, 2023 09:09
Првиот вицепремиер Артан Груби доцна синоќа му ја честиташе новата партиска функција на министерот за надворешни работи Бујар Османи кој беше поставен за координатор на партискиот огранок во Чаир на местотот на потпретседателот на ДУИ и предводник на „Огнената група“, Изет Меџити.
„На Бујар му посакувам добра работа во координирање на активностите на Демократската унија за интеграција во Чаир. Покрај онаа на претседателот, Бујари ја има и мојата поддршка во овие напори за повторно активирање на структурата во Чаир по три години отсуство на партиски активности во нашиот огранок и во локалните совети во огранокот. Ве повикувам сите да се придружите со сите ваши идеи и акции за посилна и пообединета ДУИ во Чаир“, соопшти Груби.
Меџити претходно рече дека одлуката е неуставна, бидејќи не поминала низ партиски органи. Според информациите, одлуката дошла по предлог на лидерот Али Ахмети со цел „во оваа фаза да се координираат политичките процеси во Чаир“. „Добро е да го прашаме господинот Ахмети за овие политички разлики и тенденцијата да се замолчат различните мислења! Затоа што и ова е нестатутарно решение, кое не е поминато на партиските органи“, изјави Меџити.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




