АСИСТЕНТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ХРАНА НАЈБАРАНА ПРОФЕСИЈА ВО ЕВРОПА, информатичките и комуникациските професиналци на трето место

Објавено во: Економија 06 Јули, 2022 07:22
- Второто најголемо зголемување, 15,6 отсто, имало во групата работници за лична услуга, која се однесува на придружници, кондуктери, водичи, готвачи, келнери и шанкери, фризери, козметичари и надзорници во градежништвото и домаќинството. Во првиот квартал 2022 година, оваа професионална група имаше 7,6 милиони работници - се наведува во анализата на европскиот статистички центар „Евростат“.
Интересно е што стручњаците од областа на информатичката и комуникациската технологија се најдоа на третото место, со 9,6 проценти пораст од К-1 2021 до К-1 2022 година. Помеѓу овие два квартали, оваа група (која се однесува на развивачи и аналитичари на софтвер и апликации и професионалци на бази на податоци и мрежи) се зголемила од 4,1 на 4,5 милиони луѓе.
- Имаше две професионални групи со зголемување од 9 отсто на бројот на работници од К-1 2021 до К-1 2022 година. Тоа се правни, социјални, културни и поврзани стручни лица (+9,4 отсто), како и менаџери за угостителство, малопродажба и други услуги (+9,1 проценти). Во К-1 2022 година, овие групи броеја со 3,5 и 2,4 милиони работници, соодветно - појаснуваат од Евростат.
Следни на листата водечки професии со најостро процентуално зголемување на бројот на вработени се професионалците од бизнисот и администрацијата (+7,4 отсто), занаетчиството и печатарството (+6,7 проценти), техничари за информации и комуникации (+5,9 отсто), науката и инженерски професионалци (+5,7 проценти) и менаџери за производство и специјализирани услуги (+5,3 отсто).
Спротивно на тоа, работниците во земјоделството, шумарството и рибарството забележаа најзначајно намалување во Европската унија од првиот квартал 2021 до истиот период 2022 година и тоа со високи -12,6 проценти.
Можеби ќе ве интересира
ЌЕ ИМА ПОСКАПУВАЊЕ: Љубителите на кафето ќе треба да платат повеќе за овој напиток

ПРОТЕСТ НА 2 АПРИЛ: Македонија со најниска минимална плата во регионот
ЕК ЌЕ ИНВЕСТИРА ВО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Што ќе добие Македонија од тоа?

ОД ПРВИ АПРИЛ: Возачите на овие возила во Германија ќе имаат бесплатен паркинг

Ќе се сложат ли малите акционери? „Тиквеш“ ќе гарантира за 12,5 милиони кредит на фирма што ја водат Свето Пивара и синот Јане

ПОТРЕБА ИЛИ РАСИПНИШТВО? Дирекцијата за индустриските зони ќе потроши „цело богатство“ за нови вработувања и хонорарци

ВИКЕНДОТ ТРАЕ ТРИ ДЕНА: Овде работниците работат најмалку, а заработуваат најмногу во Европа

ЕВЕ КОИ КЛУБОВИ ДОБИЈА КЛУЧ НА ВРАТА: Затворени се едни од најпопуларните

БИТКОИНОТ ИСЧЕЗНУВА ОД КРИПТО БЕРЗИТЕ – ЌЕ УРИВА ЛИ НОВ РЕКОРД? Пазарот на криптовалутата доживува трансформација
