18 Декември, 2025
0.5063

„Астра казино“ генерален спонзор на овогодишниот турнир во мал фудбал „8 Септември“

Објавено во: Мои пари 12 Август, 2024 08:58

Добивај вести на Viber

По повеќе од една деценија континуирана поддршка, „Астра казино“ оваа година гордо ја презеде улогата на генерален спонзор на традиционалниот турнир во мал фудбал „8 Септември Маџари - Триангла“. 

Турнирот кој оваа година се одржува по 17-ти пат своето отворањето го имаше синоќа на спортското игралиште во Маџари. На овогодинешниот турнир, кој треба да биде поконкурентен од кога било, ќе учествуваат 48 екипи кои ќе се борат за првото место и богат награден фонд.

„Астра казино“ сега како генерален спонзор обезбеди 300.000 денари за да се обезбеди успешна организација на настанот. Посветеноста на компанијата за поттикнување на локалниот спорт дополнително се покажува и со учеството на сопствен тим на турнирот.

„Ни претставува чест и задоволство што ќе продолжиме со нашата поддршка за оваа значајна локална традиција. Овој турнир не само што обединува талентирани играчи, туку и ги зајакнува врските во нашата заедница. Се радуваме што сме дел од овој фантастичен настан и на сите тимови им посакуваме многу среќа“, велат од компанијата.

Како дел од Новоматик Македонија Групацијата, „Астра Казино“ со генералното спонзорство за традиционалниот турнир ги исполнува високите корпоративни вредности за општествена одговорност и ја нагласува нејзината посветеност на промовирање здрави и активни животни стилови во нашето општество.

Турнирот „8 Септември“ е врв на локалниот спортски календар речиси две децении, нудејќи им на играчите и на навивачите можност да се уживаат во одлична спортска забава.

Турнирот е организиран од Здружението на граѓани Солидарност - М по повод Денот на независноста и се одржува веќе 17 години по ред, при што секоја година учество во натпреварувањето земаат околу 50 екипи од цела Македонија и по повеќе од 500 натпреварувачи.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка