16 Декември, 2025
0.0656

Атина: Не ги делиме европските земји на пријателски и непријателски

Објавено во: Балкан 02 Март, 2015 12:04

Добивај вести на Viber

Грчката влада не ги дели европските земји и граѓани на пријателски и непријателски, изјавија претставници на официјална Атина како одговор на изјавата на шпанскиот премиер Мариано Рахој.

Шпанскиот премиер го повика грчкиот колега Алексис Ципрас да биде „сериозени да не ги прави Шпанија и Португалија свои жртвени јарци, после наводи на Ципрас против двете страни дека ќе ја поткопа Грција во преговорите за долгот во Брисел.

Премиерот Ципрас бил должен да опише пред грчкиот народ во детаљи за тешките преговори со еврогрупата, изјавиле владини претставници по повод говорот на Ципрас пред раководството на владејачката партија СИРИЗА.

Секоја погрешна интерпретација на говорот на грчкиот премиер не му помага на дијалогот“, изјавиле претставници на грчката влада.

Ципрас вчера ги обвини Шпанија и Португалија, дека сакаат да ја доведат Грција до финансиско задушување“ поради цврстата линија за време на неодамнешните преговори меѓу Атина и ЕУ.

„Против нас е формирана оска на сили предводени од владите на Шпанија и Португалија“, изјавил Ципрас.

Нивниот план е да биде скршена или сменета нашата влада, пред работата да почне да дава резултати и пред грчкиот пример да влијае на други земји. И најчесто тоа се прави пред изборите во Шпанија“, изјавил Ципрас.

Рахој повика Ципрас да биде сериозен.

„Не сме одговорни за разочарувањето што го предизвика грчката радикална левица, ветувајќи им го на Грците она што знаеа дека не може да се исполни“, изјавил шпанскиот премиер.

Овие обвинувања се целосно апсурдни и се патетични за шеф, кој би требало да биде на височините на своите надлежности“, изјавил за возврат портпаролот на португалската влада Антониу Кошта.

Освен тоа Шпанија го повика претседателот на ЕУ Доналд Туск и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер да ги осудат изјавите на Алексис Ципрас, изјавил за АФП извор од Владата на Мариано Рахој.

Овие изјави се спротивни на духот на солидарност, кој треба да владее во односите меѓу европските партнери, истакнал изворот.

Можеби ќе ве интересира

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени