„АТС Гроуп“ донира 500.000 заштитни маски и 20.000 тестови за Ковид 19

Објавено во: Мои пари 09 Април, 2020 11:58
„АТС Грoуп“ донира 500.000 заштитни маски и 20.000 тестови за КОВИД-19 на Министерството за здравство, за потребите на јавниот здравствен систем во напорите за справување со вирусот Ковид 19. Тестовите за Ковид 19 ќе бидат распределени во Институтот за јавно здравје на територија на целата држава, со што ќе се овозможи тестирање на поголем дел од населението. Заштитните маски се транспортираат од Народна Република Кина и во најскор рок ќе пристигнат во земјава.
„Борбата против ширењето на вирусот КОВИД-19 може да ја добиеме само ако делуваме обединето. Ситуацијата е деликатна за сите нас, но искрено сметам дека секој може да помогне на некаков начин. Ние во ‚АТС Гроуп' одлучивме во рамките на можностите да и помогнеме на нашата држава. Ќе продолжиме и понатаму да се трудиме да бидеме вистински партнер”, истакна Шефшет Демировски, сопственик на „АТС Грoуп“.
Покрај донацијата, Демировски истакна дека и во време на глобална криза предизвикана од Ковид 19 вирусот, компанијата работи со полн капацитет. Во компанијата работат 100 лица, а во тек е и конкурс за вработување на уште 50 ново вработени кои ќе бидат ангажирани во најскор рок.
Минатата година „АТС Гроуп“ инвестираше над три милиони евра во новата современа фабрика за производство на композитни производи наменети за опрема на армијата и полицијата во делот на балистичка заштита и безбедност.
Можеби ќе ве интересира
Не започнувајте работа пред да му ги поставите овие 5 клучни прашања на вашиот електричар

Интелигентни и сигурни телефони за модерните професионалци: Galaxy S25 и Galaxy S25+

ИНТЕРВЈУ ДАМЧЕВСКИ: Повеќе од банка - Сакаме претприемачи и бизниси кои растат со нас
УКИМ и универзитетските единици донираат 3.800.000 денари за настраданите граѓани во пожарот во Кочани
Новата Samsung Galaxy A серија пристигнува во Северна Македонија
