Aуди ќе троши 1/3 од буџетот за електрични автомобили
Објавено во: Мои пари 24 Јули, 2016 11:31
Компанијата Audi планира да вложи 1/3 од буџетот предвиден за истражување и нови случувања во електрични, дигитални сервиси и системи за автономно управување на своите модели.
Одлуката била донесена на една од последните седници на раководството на производителот од Инголштад, тврди агенција "Ројтерс", повикувајќи се на свои извори.
Извршниот директор на Audi - Руперт Щадлер, планира да го објави новиот план на компанијата пред 2000 менаџери.
Ова ќе биде настан затворен за аутсајдери и медиуми оваа недела. Според изворот на "Ројтерс", автомобилскиот производител планира во 2025 година околу 1/4 од продадените од него возила да бидат напојувани со електрична енергија.
Плановите на Audi предвидуваат од 2018 година секоја година на пазарот да биде ставан по еден нов електромобил или модел со хибриден погон, кој ќе може да се полни од електричната мрежа.
Првиот ќе биде кросовер Q6 e-tron. Неговиот концепт претходник - прототипот e-tron quattro, дебитираше во септември 2015 година на автосалонот во Франкфурт. Моделот е опремен со 3 електрични мотори со вкупна моќност од 435 КС Од 0 до 100 km / h машината забрзува за 4,6 секунди, а само со едно полнење може да помине околу 500 километри.
Уште следната година компанијата ќе го објави и првиот сериски автомобил со автопилот. Ова ќе биде новата генерација на предводникот на брендот A8. Лимузината ќе биде опремена со системот Traffic Jam Assist, која ќе може да ја преземе целосно контролата врз управувањето на возилото при брзина од 60 км / ч, што нема да има потреба од интервенција на возачот. Новото Audi A8 ќе добие и асистент за паркирање, чија работа ќе може да се управува од смартфонот на возачот, дури и кога тој е надвор од автомобилот.
Можеби ќе ве интересира
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“
Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници
Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!
Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?




