АУКЦИЈА ЗА ПОМОШ НА ПОВРЕДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ: Собрани се скоро 30.000 евра
Објавено во: Македонија 27 Април, 2025 12:47
Собрани се речиси 30.000 евра на аукцијата каде се надаваа претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, пратеници, бизнисмени, граѓани за помош на повредените од Кочани.
Вчерашната хуманитарна акција ја организираше „SupportKocani“. Парите се наменети за повредените лица, од кои дел се на лекување. На настанот дојдоа претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова и генералниот секретар Ѓорги Божинов, претседателот на СДСМ Венко Филипче, пратеникот Миле Лефков, пратеникот од ЗНАМ Павле Арсоски, градоначалникот на Центар Горан Герасимовски, в.д градоначалникот Венко Крстевски.
На 4 мај, во знак на почит кон загинатите во Кочани ќе се одржи велосипедска тура „62 километри“, ќе се вози по стариот пат во правец на Штип и назад, во должина од 62 километри.
На 16 март годинава, изби пожар во дискотеката Пулс во Кочани, каде загинаа 59 луѓе, а имаше и околу 200 повредени. Потоа починаа и уште тројца повредени, со што бројот на загинати се искачи на 62. Почина и возачот на Брзата помош кој цел ден превезувал повредени. Многу европски земји помогнаа на Македонија.
Семејствата на загинатите бараат правда, а се пожалија и дека имале притисоци.
фото принтскрин
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




