Авионот на Николиќ вратен поради истурено кафе, пилотот суспендиран
Објавено во: Балкан 21 Април, 2015 13:43
Во авинот на „фалкон“ со кој претседателот Николиќ патуваше, случајно е активиран прекинувач за итни случаи откако е истурено кафе по контролната табла.
При понирањето се изгасил и моторот број 3, кој повторно е запален после неколку минути, наведено е во документацијата која ја објавило српското Министерство за сообраќај и инфраструктура.
Во изјавите на пилотот и копилотот се наведува дека е истурено мала количина кафе во зоната на квадрантниот слот за турбуленции, а потоа копилотот почнал со салфаета го брише полиениот дел со кафе и при таа прилика случајно го активирал прекинувачот за итни случаи.
Авионот тогаш почнал да губи висина, но брзо е воспоставена контрола над леталото, наведуваат пилотот и копилотот во изјавите.
Поради овој настан копилотот е суспендиран од должност,
Во образложението на решението за привремена забрана за работа се наведува дека копилотот отстапил од прописните правила и прицедури, со што го загрозил безбедносниот лет.
Авионот е пратен на додатна проверка во базниот сервис во Брисел, се наведува во докуменатцијата.
Истиот ден после враќањето, како се додава, авионот е прегледан, а за наредниот ден е планиран и пробен лет. Меѓутоа, пробниот лет не е направен, бидејќи пумпата за гориво го немала одговарачкиот притисок. Тогаш, во консултација со Киректоратот на цивилното воздухопловство, одлучено е авионот да биде пратен во Базел. Министерството на Србија соопштува дека се работи за делот на документација во врска со овј случај и дека комплетен извештај ќе биде направен најверојатно утре.
Можеби ќе ве интересира
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени




