Авионот со кој патувал Бил Клинтон слетал принудно во Африка
Објавено во: Свет 30 Април, 2015 19:25
Бил Клинтон и неговата ќерка Челзи доживеале принудно приземјување во Танзанија, откако еден од 4-те моторот на авионот им откажал, соопшти „Си Ен Ен“.
Поранешниот претседател на САД е на африканска турнеја за проектот на неговата фондацијата. Со него патуваат 20 богати донатори. Пропелерскиот чартер авион сепак сепак бил оштетен и пилотите биле принудени да слетаат на мал аеродром крај главниот град Додома. По 45 - минутната поправка авионот повторно полетал.
Клинтон и 35-годишната Челзи ќе ја посетат Кенија, Либерија и Мароко. Нивната семејната фондација поддржува проекти во земјоделството, образованието и заштитата на дивината во Африка.
Можеби ќе ве интересира
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“




