18 Декември, 2025
0.0448

Австралија воведува по три часа бесплатна соларна енергија за сите домаќинства

Објавено во: Економија 04 Ноември, 2025 09:33

Добивај вести на Viber

Австралискиот министер за енергетика Крис Бовен најави дека следната година ќе биде активирана програмата за заштеда на енергија, со која на домаќинствата, дури и тие без соларни панели, ќе имаат најмалку три часа бесплатна соларна енергија.

Програмата „Солар шерер“ (Solar Sharer) првично ќе биде воведена во сојузните држави Нов Јужен Велс и Квинсленд.

Програмата ќе им биде достапна и на станарите во згради кои немаат сопствени соларни панели, под услов да имаат паметен броило и да ја приспособат потрошувачката на енергија на средина од денот, кога можат бесплатно да користат електрична енергија или да полнат електрични возила.

- Домаќинствата што ќе успеат да ја приспособат својата потрошувачка на периодите на бесплатна електрична енергија ќе имаат директна корист, без разлика дали имаат соларни панели или не, и без оглед на тоа дали се сопственици или изнајмувачи. Колку повеќе луѓе се приклучуваат на програмата и ја префрлаат својата потрошувачка во тие часови, толку е поголема користа за целиот систем и пониските трошоци за сите корисници на електрична енергија, посочи Бовен.

Во Австралија, околу четири милиони домаќинства веќе имаат соларни панели. Австралија во 2022 година постави цел 82 проценти од електричната енергија да се произведува од обновливи извори до 2030 година, со законски задолжително намалување на емисиите на стакленички гасови за 43 проценти во однос на нивото од 2005 година.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје