Австралиска полиција управувала со сајт за детска порнографија во лов на педофили
Објавено во: Свет 09 Октомври, 2017
Австралиската полиција од Квинсленд речиси цела година била дел од управувањето на сајтот со детска порнографија Child Play кој е поставен на темниот дел од интернетот каде се одвиваат сите нелегални активности. Полициски службеници станале дел од администраторскиот тим на сајтот со цел да откриваат педофили, силувачи на деца, киднапери и порнографи.
Од полицијата во Квинсленд објаснуваат дека тие никогаш нема сами да отворат сајт, но ваквата тајна задача со управување на сајтот Child Play е неопходна, па дури некогаш и сами поставувале содржини за да не бидат откриени.
За жал на сајтот имало поставено видеа на силување на деца, а двајца администратори подоцна се уапсени. Монструмите добиле 4 годишно девојче од друг нелегален сајт во Вирџинија и додека го силувале го снимале по што видеото било и објавено.
На сајтот имало и голем број на снимки на злоупотреби и малтретирања на деца. Во успешната акција се вклучиле и полициите на САД, Канада и повеќе европски држави по што е направена листа со 90 членови на сајтот, како уште и 900 лица кои треба да бидат уапсени и обвинети.