16 Мај, 2024
0.0391

Австрија побара контрола на границите на Шенген зоната

Објавено во: Балкан 28 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Австрија инсистира на воведување на контрола за граѓаните на Европската унија на границите на Шенген зоната, за да се избегне навлегување во Унијата на европски џихадисти, кои се враќаат на Стариот континент од зоните на воени конфликти во Сирија и Ирак. Ова го изјави австрискиот министер за внатрешни работи Јохана Микл-Лаитнер во интервју за весникот „Естераих“.

„Ние знаеме дека над 5.000 лица заминале за Сирија и Ирак, за да поминат обука или дури да учествуваат во борбените дејства“, истакна таа. За оваа причина поминувањето низ проверка на надворешните граници на ЕУ е актуелно, откога и да било, убедена е Лаитнер.

Таа се осврнала и на кризата во грчкиот логор во Идомени (Сухово), која се појави поради дејствијата на властите во Атина, кои се обидуваат да го пренесат проблемот на своите соседи. Австрискиот министер за внатрешни работи ја повика Грција и невладините организации да ја користат целата сила на убедување и да ги мотивираат мигрантите да останат во оваа балканска земја.

Според неа е потребен јасен сигнал. Пристигнатите не треба сами да избираат во која земја ќе поднесат документи за азил, заклучи Јохана Микл-Лаитнер.

Во 2015 година ЕУ беше изведена пред невидена криза поврзана со миграциониот прилив. Главните две маршрути за навлегување на мигрантите беа во Грција и Италија. Извештајот на ЕУ откри дека властите во Атина не положиле никакви напори за обезбедувањето на надворешните граници на Унијата, а само се труделе да се ослободат најбрзо од мигрантите, префрлајќи ги во соседна Македонија.

Македонија со поддршка на Австрија, Унгарија, земјите од Западен Балкан и Вишеградската група ја затвори границата со Грција, издигајќи двојна ограда. Така беше запрен приливот на мигранти кои Атина организирано ги испраќаше кон нашата земја.

На самитот на ЕУ-Турција, одржан на 7-8 март 2016 година, официјално беше затворен т.н. Западен пат.

Сепак големи групи мигранти остануваат на територијата на Грција. Наместо да бидат раселени и сместени во т.н. прифатни центри, кои требаше да бидат подготвени пред 5 месеци Атина ги држи во нечовечки услови, обидувајќи се да ги користи за свои лични цели - притисок врз Европа, за да бидат прифатени.

По затворањето на Западен пат мигрантите бараат нови патишта за влез во ЕУ. Според многу европски политичари, експерти и медиуми еден дел од нив ќе поминат преку територијата на Бугарија.

„Франкфуртер алгемајне цајтунг“ дури предупредува дека ако пристигнале во Бугарија мигрантите најверојатно ќе останат во оваа земја, бидејќи нивното понатамошно движење кон Романија и Србија ќе биде отежнато.

Бугарија била предупредена за опасноста од новите миграциони правци и од македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите