Добивај вести на Viber
Австрија предупреди за бегалски проток кон Бугарија, а властите во Бугарија смируваат.
По затворањето на балканската рута, протокот ќе се насочи кон Бугарија, Романија и Италија. За еден ден 66 илегалци се обиделе да влезат во Бугарија.
„Балканскиот бегалски пат ќе остане затворен, но во исто време ќе дојде до интензивен прилив на бегалци во други правци, првенствено во Италија, Бугарија и Романија“ - предупреди австрискиот министер за одбрана, Ханс-Петер Доскоцил.
Предупредувањето доаѓа неколку дена откако Србија, Словенија, Хрватска и Македонија ги затворија своите граници. Самата Австрија го презема овој чекор уште минатата година, откако земјата стана коридор кон Берлин.
Австрискиот министер е категоричен дека затворените граници нема да го решат проблемот.
Во исто време бугарскиот министер за надворешни работи, Даниел Митов изјави дека Софија ќе инсистира за спречување на нова миграција, но и дека земјата е подготвена да одговори на секаков вид ризик.