18 Декември, 2025
0.0392

Австрија се вооружува за борба против тероризмот

Објавено во: Свет 19 Јануари, 2015 10:31

Добивај вести на Viber

Министерката за внатрешни работи на Австрија, Јохана Микл Лајтнер, најави дека на утрешната седница на Владата ќе биде претставен „безбедносниот пакет“, кој предвидува дополнителна опрема за полициските сили со цел тие да бидат поефикасни во борбата против тероризмот. Според нејзините зборови, овој проект е со цел превенција на терористичките напади како оние од Франција, бидејќи во Австрија „постојат причини за загриженост, но не и за паника“. Во првата реакција на терористичките напади во Франција, полицијата во Австрија била ставена во состојба на готовност, а зајакнати биле и контролите околу потенцијалните цели на напад. Што се однесува до „безбедносниот пакет“ неговите трошоци ќе се покриваат со трицифрени милионски суми. Речиси половина од потребните пари ќе бидат обезбедени од буџетот, а ќе се трошат за обезбедување дополнителна опрема и ресурси. Во овој пакет министерката предвидува набавка на нови оклопни возила, панцирни елеци и шлемови. Во однос на вооружувањето на војниците Лајтнер планира многу поблиска соработка меѓу силите на одбраната и силите на безбедносните структури на министерството за внатрешни работи. Австрија се смета за центар за регрутирање борци за Исламската држава, а меѓу лидерите на машинеријата за врбување се и лица од просторите на поранешна Југославија. Во џихад во Сирија и Ирак од Австрија според проценките на властите заминале околу 170 лица, од кои 67 се вратиле назад, а 29 загинале на фронтот. Повратниците од фронтот претставуваат закана и затоа се под постојан надзор на полициските службеници.  

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“