Автомобил-бомба против автомобил на турската амбасада во Кабул
Објавено во: Свет 26 Февруари, 2015 11:54
Бомбаш-самоубиец денеска разнесе автомобил-бомба против автомобил на турската амбасада во Кабул, соопштија американските медиуми, повикувајќи се на авганистанските власти.
"Целта беше возило на турската амбасада, едно лице е повредено, а возачот најверојатно е убиен", изјави заменик-министерот за внатрешни работи Мохамад Саланги.
Ова е првиот познат напад врз Турската амбасада во авганистанскиот главен град, забележува агенцијата.
Талибанците ја презедоа одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад, пренесоа американските медиуми. Во СМС порака, испратена до медиумите, Талибанците велат дека целта им била „колона од странски автомобили“. Од телевизиските снимки станува јасно дека биле нападнати две црни оклопни возила со турски знаменца.
Можеби ќе ве интересира
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки





