Добивај вести на Viber
Кризата удри по автомобилската индустрија. Продажбата на нови автомобили во земјите од Европската Унија во првите девет месеци од годинава е намалена за 7, 8 отсто, стои во извештајот на Асоцијацијата на Европски произвдители на автомобили.
Во периодот од јануари до септември оваа година продадени се вкупно 9,4 милиони автмобили за разлика од лани истиот период кога биле продадени 10,1 милиони автомбили. Анализирано по земји најголем пад на продажбата има во Грција, Португалија и Италија.
Грција - Во првите девет месеци од годинава продажбата на нови автомобили во Грција се намалила за 42,5 отсто. Или од почетокот на годинава до септември Грците купиле 45,535 нови автомобили за разлика од минатата година во истиот период кога купиле 79, 231 нови автомобили
Португалија - Следна земја на листата со најолем пад на продажбата на нови авотмобили е Португалија. Во од јануари до септември годинава продажбата е намалена за 39,7 отсто. Португалците за девет месеци година се подновиле со 74,461 нови автомобили за разлика од претходната година кога купиле 123,464 нови автомобили.
Италија - Помалку нови автомобили од лани купиле и Италијанците и тоа за 20,5 отсто во споредба со минатат година. Италијанците во првите девет месеци од годинава купиле 1.090.627 автомобили за разлика од лани истиот период кога биле продадени 1.371.117 нови автомобили.
Кипар - Во Кипар годинава во првите девет месци се купиле 8.892 нови автомобили за разлика од лани кога се купиле 11.026 што е пад на продажбата за 19,4 отсто.
Словенија - Пад на продажбата од 16,5 отсто има во Словенија. Словенците за девет месеци од годинава кушиле 38,707 нови автомобили за разлика од ални кога купиле 46,378.
Раст на продажбата има во Естонија, Унгарија, Словачка, Велика Британија, Чешка и Данска.
Според податоците на Асоцијацијата на Европски производители на автомобили, од почетокот на годинава сите месеци е забележан пад, а најголем е во септември и изенесува 10,8 отсто, споредено со истиот месец лани а најмал пад годинава има во јуни од 2,8 отсто споредено со истиот месец лани.
Серџо Maрџионе , претседател на Асоцијацијата на европски произвдители на автомобили и извршен директор на Fiat SpA, го истакна влијанието на економската криза врз европската автомобилска индустрија истакнувајќи дека со надолниот тренд на продажбата на нови автомобили повеќето производители губат пари . Ситуацијата е далеку од розова и ова се моменти на опстанок на многу производители кои се борат да се одржи истото ниво на капацитет, како и во периодот пред кризата , смета Серџо Марџионе.
Број на продадени автомобили по земјиЗемја јан-сеп 2012 јан-сеп 2011 процентAUSTRIA 266,890 273,539 -2.4BELGIUM 386,733 440,546 -12.2BULGARIA 14,252 14,354 -0.7CYPRUS 8,892 11,026 -19.4CZECH REPUBLIC 131,059 127,485 +2.8DENMARK 128,493 127,230 +1.0ESTONIA 13,314 11,405 +16.7FINLAND 88,926 100,109 -11.2FRANCE 1,431,509 1,661,271 -13.8GERMANY 2,358,798 2,401,736 -1.8GREECE 45,535 79,231 -42.5HUNGARY 39,317 33,815 +16.3IRELAND 76,630 87,163 -12.1ITALY 1,090,627 1,371,117 -20.5LATVIA 7,995 7,777 +2.8LITHUANIА 9,190 9,956 -7.7LUXEMBURG 39,090 39,609 -1.3NETHERLANDS 428,191 453,882 -5.7POLAND 207,063 202,544 +2.2PORTUGAL 74,461 123,464 -39.7ROMANIA 49,128 55,881 -12.1SLOVAKIA 53,845 49,954 +7.8SLOVENIA 38,707 46,378 -16.5SPAIN 555,362 623,921 -11.0SWEDEN 203,711 227,636 -10.5UNITED KINGDOM 1,620,609 1,553,094 +4.3Вкупно 9,368,327 10,134,123 -7,6
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.