01 Ноември, 2024
0.0255

Азербејџан ќе испорачува природен гас за Бугарија?

Објавено во: Балкан 29 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Изборот на Транјадранскиот гасовод за испорака на азербејџански гас за Европа не значи дека Азербејџан се откажува од плановите за испорака на гас во Бугарија, изјави потпретседателот на азербејџанската државна нафтена компанија СОКАР, Елшад Насиров, пишува БНР. Според Насиров, Бугарија може да стане првиот купувач на  азербејџански гас испорачан преку Трансјадранскиот гасовод во Европа. Тој се осврнал и на врските кои постојат меѓу Бугарија и Грција. Претходно Грција со шампањско ја прослави одлуката природниот гас од Азербејџан да се пренесува преку Трансјадранскиот гасовод ТАП кој ќе поминува низ нејзина територија. Азербејџанскиот гасен гигант Шах Дениз вчера официјално објави дека го избрал гасоводот ТАП наместо конкурентот „Набуко запад“. Ова се добри вести за Грција, Албанија и Италија низ кои од Азербејџан ќе се пренесува гас во Европа, но и за останатите држави од Балканот кон кои се отвора можност да се пуштат краци од ТАП. Бугарите сега ова го имаат како предност, коментираат тамошните медиуми.  Ваквиот развој на работите може да доведе до крај на проектот Набуко, кој веќе еднаш сктарен кон западната траса. Во исто време, бугарскиот министер за енергија Драгомир Стојнев вели дека гасоводот не треба да биде отпишан, бидејќи има и други наоѓалишта, кои се во процес на истражување и развој во регионот. Претседателот Росен Плевнелиев пак прецизираше дека во разговорите со неговиот азербејџански колега добил уверување дека Бугарија ќе ги добива ветените количини природен гас. На крајот на 2011 година, претседателот Георги Парванов договори испорака на 1 милијарда кубни метри природен гас. Гасоводот ќе има должина од 800 км, и  ќе почне да се гради во 2015 година, а ќе минува низ три држави и од кои 478 км низ Грција почнувајќи од грчко- турската граница каде што ќе се поврзе со турскиот гасовод ТАНАП.

Можеби ќе ве интересира

СЕ УРНА ВЛЕЗНИОТ ДЕЛ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО НОВИ САД: Има голем број повредени!

СЕ УРНА ВЛЕЗНИОТ ДЕЛ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО НОВИ САД: Има голем број повредени!

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места

МНОГУ ПОПУЛАРЕН САЛОН ЗА МЕБЕЛ ТРАЈНО Е ЗАТВОРЕН: Го презема компанија добро позната во Југоисточна Европа

МНОГУ ПОПУЛАРЕН САЛОН ЗА МЕБЕЛ ТРАЈНО Е ЗАТВОРЕН: Го презема компанија добро позната во Југоисточна Европа

РАМА Е ПРЕЗАДОВОЛЕН: Албанија е на прво место во Европа по раст на туризмот и втора во светот

РАМА Е ПРЕЗАДОВОЛЕН: Албанија е на прво место во Европа по раст на туризмот и втора во светот

БОРЕЛ ЗА СРБИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ВРСКИ СО РУСИЈА: Мора да изберете едно или друго

БОРЕЛ ЗА СРБИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ВРСКИ СО РУСИЈА: Мора да изберете едно или друго

(ВИДЕО) ВО ХАТАЈ: Турција изгради цел град за оние кои останаа без домови во земјотресот

(ВИДЕО) ВО ХАТАЈ: Турција изгради цел град за оние кои останаа без домови во земјотресот

ЗЕМЈОТРЕС: Се стресе северниот дел на Јадранот

ЗЕМЈОТРЕС: Се стресе северниот дел на Јадранот