15 Мај, 2024
0.0268

Азески именуван за член на Советодавниот одбор на Мрежата за деловен развој на ЈИЕ

Објавено во: Економија 21 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Бранко Азески, претседателот на Стопанската комора на Македонија и заменик-претседател на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан (КИФ) со седиште во Трст, е именуван за член на Советодавниот одбор на Мрежата за деловен развој на Југоисточна Европа.

Преку учеството во оваа организација, Азески ќе го прошири дејствувањето на полето на регионалната економска соработка преку вмрежување на компаниите од државите на Западен Балкан со партнери од Австрија, Германија, Словенија, Хрватска и Унгарија, во насока на обезбедување на забрзан економски раст и просперитет на регионот. Истовремено, преку активностите во оваа организација, ќе се придонесе за поефикасно вклучување на бизнис заедницата од регионот во имплементација на проектите кои се од важност за неговиот економски просперитет, преку вмрежување со носителите на одлуки од регионот на Југоисточна Европа и Европската Унија, како и преку унапредување на политичкиот дијалог.

Мрежата за деловен развој на Југоисточна Европа е организација со седиште во Виена, основана од страна на еминентни менаџери, претприемачи и дипломати од регионот на Југоисточна Европа, Германија и Австрија. Организацијата ги насочува своите активности кон вмрежување на малите и средни претпријатија од регионот на Југоисточна Европа, како и на големите производствени и услужни компании од регионот, со цел иницирање на нови партнерства, креирање на нови бизнис можности, и зајакнување на поддршката за земјите од регионот на Западен Балкан во процесот на пристапување кон Европската Унија.

Членови на овој одбор, помеѓу останатите, се и Волфганг Петриќ, поранешен специјален претставник на ЕУ за Косово и поранешен австриски амбасадор во ОН, Јанез Подобник, директор на Меѓународниот институт за одржлив развој и поранешен министер во Владата на Словенија, Игор Лукшиќ, директор за Прајс Ватерхаус Куперс за Југоисточна Европа и поранешен премиер на Црна Гора, проф. д-р Борис Цизељ, истражувач за меѓународни економски односи и поранешен амбасадор на Словенија во ЕУ и во НАТО, Александар Влаховиќ, претседател на Сојузот на економисти на Србија и поранешен министер во Владата на Србија, и Весна Трнокоп Танта, консултант за јавен сектор и поранешен потпретседател на Хрватската Стопанска комора.


Можеби ќе ве интересира

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

СЕ КРЧКА КРИВИЧНА ТРУЖБА ПРОТИВ БОИНГ?! - го прекрши договорот за безбедност, ќе се разгледаат сите испади

СЕ КРЧКА КРИВИЧНА ТРУЖБА ПРОТИВ БОИНГ?! - го прекрши договорот за безбедност, ќе се разгледаат сите испади

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно