18 Април, 2024
0.1851

Азески: Можно ли е во пост ковид-19 периодот да ни се случи „туризам“

Објавено во: Економија, Колумни 08 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Секои нови 4 кревети во туризмот се едно ново работно место. 1000 објекти од по 15 кревети, се 4.000 нови работни места 


На почетокот на пандемијата во средината на април 2020 година во една моја колумна во Фокус, насловена „Еден вирус многу прашања, малку одговори“, покрај другите констатации наведов и тоа дека во економијата најголеми загуби ќе претрпат дејностите кои се врзани со движење. Туризмот и угостителството навистина претрпеа најголем пад.

Ако тој до 2019 година беше во топ три најбрзо растечки индустрии во светот, денеска можеме да констатираме дека е дејност со најголем пад. Во нашата земја туризам, речиси да немаше. Но, искуството ме поучило дека за да тргнеш напред мора да го допреш дното. Заради тоа е потребна организирана акција за определување на стратегијата за развој на оваа гранка во Пост Ковид-19 периодот. Затоа што ефектите од развојот на овој сектор можат да бидат токму додадената вредност и извозниот потенцијал кој што ни е неопходно потребен.

Она што ме охрабри да го напишам овој текст е широката расправа која по мерките на Владата ја отворија сите туристичките здруженија во државата. Морам да кажам дека уште пред 6 месеци во разговор со Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, истакнав дека првиот и единствен услов за да се дојде до решението е да се постигне консензус, внатре во секторот. Тоа ќе овозможи прецизно и јасно да се формулира намерата со која што треба да биде анимирана Владата како императивен Извршен орган. И на таков начин да не се води дијалог на глуви, туку веднаш да се тргне во градењето на стратегијата. Нашето Здружение кое ги претставува и најголемите субјекти во овој сектор во доменот на таа заедничка матрица игра многу позитивна улога создавајќи атмосфера на заедништво кое е преку потребно.

Ако Владата и ресорните министерства, во изминатиот период  се обиделе да размислуваат на ист начин како бизнисот, тогаш нема да има проблем да се усвојат следните мерки кој ќе не доведат до саканата цел.

1.Бесплатни ПЦР тестови за странски туристи и 24 часовен рок за издавање соодветен документ според директивите на Европска Унија на англиски јазик.

2.Довршување на процесот на функционирање на развојните туристички зони.

3.Развој на руралниот туризам кој може со мали вложувања да отвори значителен број на нови вработувања. Затоа што секои четири кревети во угостителски објект значат едно ново работно место.

Или за инвестиции во 1000 нови објекти со просек од 15 кревети потенцијалот е 4.000 работни места



4. Сите досегашни анализи покажаа дека клучниот проблем во развојот на оваа гранка е разногласието во постигнувањето на таргетите, затоа што за оваа област во нашата држава секој е експерт. Токму затоа, почетната точка во градење на стратегијата треба да биде формирањето на Комитетот за туризам како врв на пирамидата кој ќе ги обедини сите напори и идеи за постигнување на основната цел, а тоа, уште еднаш ќе повторам, се извозниот потенцијал и поголемата додадена вредност.

Во таа пирамида ќе бидат омеѓени најмалку 15 стопански дејности кој се врзани за туризмот. Тоа е вистинскиот мост кој ќе ги поврзе работите и ќе ја смени перцепцијата за овој сектор дека е неперспективен, дека нема развоен концепт и сериозно учество во бруто домашниот производ.

Јас сум еден од ретките луѓе којшто во овие 30 години сум водел, и индустриски капацитет, и туристички капацитет. Можам слободно да кажам дека и двата имаат девизен ефект. Но, таа девиза да легне на нашето конто во индустријата, патот е како да се качуваш на Триглав. А на рецепцијата на хотелот Александар Палас наутро има редици коишто чекаат да ги остават девизните средства. Е има разлики..

Исто така, знам многу добро дека овој сектор е основ за развој на земјоделието, кое пак, кај нас учествува, заедно со прехранбената индустрија, со 13 до 15 % во бруто домашниот производ. Што повеќе туристички капацитети, толку поголем пазар за нашите земјоделско прехранбени производи. Ако не ја направевме грешката да ги распродадеме големиот број македонски туристички капацитети во околните земји, пласманот на тие производи ќе завршуваше во нашите објекти на Јадранот, Егејот, и другите туристички дестинации на Балканот. 


Да сумирам, да престанеме сите да се правиме експерти за оваа дејност, да го формираме Комитетот за туризам, да ги прецизираме таргетите, да се организираме подобро, да одвоиме средства за поддршка на овој проект (без пари бизнис не бидува) и сите да се обединиме кон таа цел. Убеден сум дека тоа мора да биде едно од позитивните изненадувања за создавање додадена вредност во нашата економија во пост Ковид-19 периодот.

П.С. Поранешниот хотел на македонскиот телеком помеѓу Бар и Улцињ во Црна Гора денеска е сопственост на мојот колега од Црна Гора. Да не се разбереме погрешно, по случајност, бидејќи таа трансакција се случи пред 12 години. Денеска на таа локација има 4 пати поголем капацитет и 10 пати поголем промет. Но, таму денес не се трошат македонските производи, бидејќи предност имаат домашните и производите на околните земји. А Македонија поседуваше над 10-тица такви објекти на престижни локации на Јадранот. Ова само како пример за мостовите кој се најизразени кај големите ланци на супермаркети, кои доаѓајќи од определена земја со себе, ги носат и производите од земјата од која што доаѓаат.


Во наредната објава ќе се осврнам на македонските апсурди во туризмот – селскиот туризам, хотелот Палас во Охрид, лажните копии на охридските брендови.

Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија  


Можеби ќе ве интересира

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

Нов бран на експанзија на казина во Македонија

Нов бран на експанзија на казина во Македонија

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор