АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО ЈАНЧЕВ: Ја продолжуваат соработката во интерес на бизнис заедницата
Објавено во: Економија 08 Ноември, 2025 13:07
Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески и советникот на претседателот на Комората за економски развој и инфраструктура, д-р Јелисавета Георгиева Јовевска, во Кавадарци остварија работна средба и воедно му го честитаа новиот мандат на градоначалникот д-р Митко Јанчев.
На средбата Азески подвлече дека, Стопанската комора на Северна Македонија со градоначалникот Јанчев во претходните негови мандати како и пред да стане градоначалник, како генерален менаџер на Кожувчанка Кавадарци и како претседател на Регионалната комора во Квадарци, имаше одлична соработка, а ја истакна и заложбата дека во следниот период ќе следи уште поголемо вмрежување и активности во насока на создавање моќно партнерство од значење за бизнис заедницата.
Д-р Јанчев како активен поддржувач и промотор на македонската економија и во овој мандат ќе ја добие целосната поддршка од Стопанската комора на Северна Македонија, институција во која тој активно е вклучен повеќе од 20 години.
Азески му ја врачи наградата на д-р Јанчев за најгледан поткаст како гостин во првата сезона на „Бизнис Клуб" со Бранко Азески.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Трамп: Запленивме многу голем танкер покрај брегот на Венецуела
Лукашенко одобри: Се формира единствен енергетски пазар со Русија
Ова ќе ги погоди сите љубители на кафе – вкусот никогаш повеќе нема да биде ист
Заварувачи, готвачи, електричари - кои се другите дефицитарни професии во Европа?
Руски министер открива правило кое ѝ помогнало на Москва да издржи повеќе од 30.000 санкции
Пратениците го изгласаа Буџетот за 2026 година, колкави приходи и расходи се планирани?
Цената на среброто е на историски максимум, поскапува и платината
СИЛНА ДИНАМИКА ЗА КОМПЛЕТИРАЊЕ НА АВТОПАТСКОТО РЕШЕНИЕ НА КОРИДОРОТ 8: Николоски со видео го објави напредокот на изградбата
ЕУ се согласи за нов пакет санкции против Русија: 40 танкери и десетина поединци на листата




