02 Декември, 2024
0.0287

Бабовски: Отстранување на сите свињи во заштитената зона, успешно ќе се справиме со болеста

Објавено во: Агробизнис 27 Јули, 2022

Добивај вести на Viber

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски соопшти дека се засилени мерките против африканската свинска чума по потврдениот нов случај во селото Моштица.

Бабовски, кој денеска имаше средба со надлежните од локалната самоуправа, порача граѓаните да бидат мирни и спокојни зашто болеста, нагласи, не е зооноза, односно се јавува само кај домашните и дивите свињи, а не и кај луѓето. Опасноста, подвлече, е во несовесното однесување – ако некој посетува ловишта и фарми каде има африканска чума, па може лесно да ја пренесе на друга фарма или ловиште.

Како што информира директорот на АХВ, издадено е ново Решение со кои се наложува преземање контролни и заштитни мерки за сузбивање на африканската свинска чума во заштитната зона околу жариштето, кое ги вклучува населените места Моштица, Македонска Каменица, Косевица, Саса, Цера и Костин Дол во Македонска Каменица.

– АХВ ги презема сите потребни активности, а за новото жариште се известени и Светската организација за здравствена заштита на животните (ОИЕ) и Европската комисија. Нашите стручни лица се на терен. Знаеме како да се справиме со оваа подмолна болест која во поновата историја е најголемата пандемија кај домашните и дивите животни. Ако е веќе еднаш присутна, поради високата отпорност на вирусот, секогаш претставува опасност. Но, досега реагиравме навреме, сигурен сум дека и овој пат успешно ќе се справиме - нагласи Бабовски по враќањето во Скопје.

Тој рече дека на одгледувалиштето во Моштица се спроведени сите потребни мерки за уништување на вирусот, а во тек е и спроведување епидемиолошка истрага за утврдување на причинителот. Мерки се преземаат и во зоната под надзор во радиус од 10 километри околу жариштето, која ги опфаќа општините Виница (со населеното место Калиманци), Кочани (со населените места Пресека, Небојани, Главовица, Костин Дол, Безиково и Ново Село), Делчево (со населените места Илиово и Вратиславци), како и Македонска Каменица (со населените места, Луковица, Дулица, и Тодоровци).

– Во заштитната зона околу потврденото жариште се спроведуваат следниве мерки: попис на сите одгледувалишта на свињи и идентификација на сите свињи во рок од пет дена, епидемиолошко испитување во сите заразени и сомнителни одгледувалишта на свињи за да се утврди можниот извор и ширење на болеста, како и одземање, убивање и нештетно отстранување (депопулација) на сите свињи кои се наоѓаат во заштитната зона - нагласи Бабовски и додаде дека од одземените свињи ќе се земаат мостри за лабораториско испитување.

Согласно мерките, нештетно, рече директорот на АХВ, се отстранува опремата која не може да се дезинфицира (слама, храна и шталско ѓубре како и кујнскиот отпад – помии), а предвидено е и чистење, дезинфекција и дезинсекција на објектите, просториите и возилата кои влегуваат и излегуваат од одгледувалиштата.

Според Бабовски, високоризичната зона на болеста ги опфаќа сите општини во пограничната линија со Република Бугарија и Република Србија. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.