Бачев на собирот: Ние веруваме во Сојузот со Русија
Објавено во: Македонија 03 Април, 2018 19:52
Педесетина граѓани и членови на партијата Единствена Македонија попладнево организираа собир пред руската амбасада во Скопје за да му искажат поддршка на рускиот дипломат кој беше протеран од Македонија.
На собирот говореше и претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, кој рече дека „Македонија не сака во НАТО“, туку дека сака да влезе во Евроазиската унија на Русија.

„Сакам да ве уверам во јасната одлука на македонскиот народ дека тој сака да биде дел од евроазиската унија. Во ЕУ сакаат само одредени и корумпирани Македонци кои се платени со странски пари. Ние веруваме во Сојузот со Русија, а веруваме во вас. Очекуваме овој сојуз да се оствари. Македонскиот народ не сака во ЕУ, таму сака само оваа марионетска власт“- порача Бачев.

Рускиот амбасадор во земјава. Олег Шчербак, ги пречека учесниците на протестот пред амбасадата и им се заблагодари на поддршката.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




