Бачев: Mакедонскиот бугараш Никола Димитров го изгубил компасот
Објавено во: Македонија 27 Март, 2018 16:03
Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, во врска со протерувањето на рускиот дипломат од Македонија вели дека македонскиот бугараш во моментов министер за надворешни работи, Никола Димитров, го изгубил компасот.
Додава дека безбедноста на Македонија навистина е загрозена од хемиско оружје, но не од Русија, туку од друга адреса, поточно од бомбите со ураниум што НАТО ги фрлаше при злосторничката агресија на СР Југославија, а чии последици ги трпиме до ден денес.
Според Бачев, оваа одлука на Димитров е преседан во меѓународните односи, како една држава ја користи сопствената дипломатија против сопствените интереси.
„Македонија протерува дипломат на Русија која никогаш не го довела во прашање територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија, а од друга страна власта се солидаризира со Велика Британија, која во 1948 година фрлаше напалм бомби врз Македонците во Беломорска Македонија“- рече Бачев.
Тој истакна дека Велика Британија се залага за промена на македонското име и идентитет и редефинирање на Македонија по што тврди дека британскиот амбасадор Чарлс Гарет на претседателот Иванов му покажал мапа каде што Република Македонија е кантонизирана.
По одлуката на МНР да го протера рускиот дипломат од руската амбасада реагираа дека последиците од оваа одлука, за која сметаат дека е провокација, ќе ги сноси македонската страна.
Можеби ќе ве интересира
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата




