19 Декември, 2025
0.0624

БАДИЈАЛА БИЛА ЗАБРАНАТА ДА И СЕ ПРИБЛИЖУВА И МАЛТРЕТИРА, ПАК ЈА ФАТИЛ И ЈА ИСКРШИЛ ОД ЌОТЕК - нов случај на семејно насилство на маж врз жена, има ли крај?

Објавено во: Македонија 07 Септември, 2022 10:05

Добивај вести на Viber

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и кривично дело – Неизвршување на судска одлука од член 377 став 5 од Кривичниот законик.

„Осомничениот, во раните утрински часови на 4 септември, кај споменикот „Сава Михајлов“, во центарот на Гевгелија, при вршење на семејно насилство, телесно повредил жена со која претходно живееле во вонбрачна заедница и со која имаат две малолетни деца. Додека оштетената заедно со една  колешка се враќале од работа, осомничениот ги пресретнал, почнал да ѝ упатува вербални закани на оштетената, да ја турка и да ја удира по лицето. Потоа продолжил да ја удира по телото, ја фатил со рацете за вратот и ѝ ги свиткал рацете со што ѝ нанел телесни повреди – набиеници.

Инаку на осомничениот, од 26 мај, со правосилно решение на Основен суд Гевгелија донесено во постапка за заштита на правата на оштетената – жртва на семејно насилство, му биле изречени повеќе привремени мерки за заштита од семејно насилство, меѓу кои забрана да ѝ се заканува на оштетената, забрана да ја малтретира, вознемирува, телефонира и контактира преку социјални мрежи и забрана да се приближува на растојание помало од 100 метри од живеалиштето на жртвата на семејно насилство. Меѓутоа, осомничениот не постапил по правосилната судска одлука“, се вели во соопштението од обвинителството. 

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија доставил предлог за определување мерка притвор на осомничениот. Судијата го прифати предлогот и му определи притвор во траење од осум дена.​​

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот