БАЈДЕН ЌЕ ГИ СЛЕДИ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД БЕЛАТА КУЌА: Ако Трамп се врати на функцијата, може да поништи многу од неговите политики
Објавено во: Свет 05 Ноември, 2024
Иако претседателот Џо Бајден не е кандидат на тековните избори и неговото име не е на гласачкото ливче, исходот од изборите сепак има големо значење за него лично и за неговото политичко наследство. Со оглед на тоа дека Бајден има 81 година и најевројатн нема повторно да се кандидира за претседател, овие избори се клучни за тоа дали земјата ќе го поддржи неговиот избран наследник, односно Камала Харис или неговиот претходник (Трамп), кој би можел да се вратил во Белата куќа.
Претседателот држеше релативно низок профил во последните денови и се очекува истото да го стори и денеска. Бајден и првата дама Џил Бајден ќе ги следат изборните резултати од резиденцијата на Белата куќа со долгогодишни соработници и блискиот персонал во Белата куќа, изјави претставник на Белата куќа. Бајден, кој нема јавни настани во неговиот распоред, се очекува да добива редовни ажурирања додека се оджува гласањето низ целата земја.
Овие избори се многу поразлични од тоа што Џо Бајден го очекуваше бидејќи, пред само неколку месеци, неговиот план беше тој самиот да се кандидира за втор мандат. Сега, со поддршката на Камала Харис како кандидат на Демократската партија, резултатите од изборите ќе имаат големо влијание врз неговото наследство и ќе одредат како ќе се запомни неговото претседателство.
Тимот на Бајден брзо ја поддржа Харис откако тој се повлече, а победата на Харис би спречила Доналд Трамп повторно да дојде на власт. Но, доколку Харис загуби, ќе се појават прашања меѓу демократските гласачи дали Бајден се држел предолго до кандидатурата или неговата поддршка влијаела негативно врз шансите на партијата.
Сега неговата загриженост е дека, ако Трамп се врати на функцијата, тој може да поништи многу од неговите политики.
„Имам големи несогласувања со Трамп и неговата личност“, рече Бајден во саботата. „Што ќе се случи? Што ќе се случи ако ја замените мојата администрација за неговата?
фото: EPA-EFE/AARON SCHWARTZ* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.